Првата буква од името го открива вашиот карактер

Покрај тоа што името ви е дадено по сосема случаен избор, без знаење дури и на вашите родители, буквата на која почнува истото ви го одредува карактерот.

prvata-bukva-odimeto-go-otkriva-vasiot-karakter-01.jpg

Пронајдете ја вашата буква и уверете се:

А - Грижливи, вредни работници, но го сакаат комфорот и уживањето. Се трудат да бидат материјално обезбедени, па во главно работат добро платени работи. Сакаат да бидат во центарот на вниманието.

Б - Понекогаш претерано чувствителни. Талентирани се, па затоа најчесто се успешни уметници и научници. Имаат постојана желба за патување. Нивните љубови се бурни, но и фатални. Имаат тежок карактер.

В - Верни личности кои се во потрага по вечна љубов. Сакаат силно и страствено. Внимателни се, добри огранизатори и имаат силна интуиција.

Г - Педантни луѓе кои сакаат се да е на свое место, чисто и уредно. Внимаваат на деталите. Сакаат да бидат влијателни во друштвото, но славата не ги интересира. Сакаат кога се чувствуваат сигурно и заштитено.

Д/Ѓ - Самостојни личности. Сакаат да имаат сопствен мир и слобода и најмногу уживаат во својот дом. Кога нешто сакаат се трудат да го добијат што побрзо, затоа што имаат силен карактер.

Е - Добро промислени и детални личности. Проблемите знаат да ги согледаат од секој агол и да го пронајдат вистинското решение. Одлични се на работно поле и успешни во контактите со луѓето.

Ж - Не се личности кои сакаат изненадувања и неизвесност. Сакаат однапред утврдени планови. Практичари се. Имаат мал круг на пријатели.

З - Личности со силен карактер - одговорни, интуитивни, промислени, но понекогаш дури и затворени за најблиските. Тука се кога треба да помогнат, но очекуваат благодарност.

Ѕ - Самоуверени и сигурни во себе, понекогаш дури и егоисти. Но, сето тоа добро им се исплати на работното место. Бараат љубов која може да ги разбере, но не и да ги промени. Добро се снаоѓаат со пари.

И - Емпатични, добри и практичари. Креативни се дури и во секојдневните активности. Добри се во цртање, пишување, имаат дарба за музика и се чести уметници.

Ј - Вечни деца. Нивната појава е впечатлива и имаат големо срце. Родени се со карактеристики на лидер. Со овие личности никогаш нема да ви биде здодевно затоа што се динамични и способни буквално за се.

К - Тајни личности кои ретко се претставуваат во вистинското светло. Имаат мал број на пријатели, но само затоа што тие така сакаат. Најубаво им е во сопствениот свет.

Л/Љ - Личности кои сакаат да си угодуваат на себе. Сакаат квалитет и удобност во секојдневните работи. Често знаат да бидат тешки за комуникација затоа што се постојано загрижени и вечни песимисти.

Уште 16 букви на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Тест на потсвеста: Начинот на кој ја држите шолјата ги открива тајните на вашата личност Дали ја држите шолјата за чај или кафе со целата дланка, само за рачката, или со...
Тест: Одберете една роза и дознајте што се крие во вас (дури и работи за кои не сте свесни) Дали вие сте личност која има потреба на другите луѓе да им се претставува во по...
Тест на личноста: Изберете едно дрво и дознајте повеќе за вашиот карактер Замислете дека го имате вашиот двор од соништата... Додека го пиете вашето утрин...
Тест според нумеролозите: Бројот на домашната адреса ја открива вашата судбина Верувате ли во моќта на бројките? Нумеролозите тврдат дека бројките влијаат на с...
Тест на личноста: Што открива омилениот вкус на сладолед за вашиот карактер? Ако сакате ванила, вие сте личност која ги цени квалитетот и минимализмот. Не се...
Тест на личноста: Првата работа што ја гледате на илустрацијата - открива каков карактер имате Што видовте прво на илустрацијата, лице или жена? Што кажува тоа за вас како лич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg