Возачи проверете: Ако треба да го полагате тестот повторно, дали ќе положите?

Многу возачи мислат дека со теоријата завршиле тогаш кога го положиле тестот за возење и дека сè што им е потребно, го добиваат преку праксата.

vozaci-proverete-ako-treba-da-go-polagate-testot-povtorno-dali-kje-polozite-01.jpg

Што мислите колку добро ја паметите теоријата?

Одговорете на неколку случајно одбрани прашања од тестот и проверите, дали сè уште ги паметите правилата? 

Возачи проверете: Ако треба да го полагате тестот повторно, дали ќе положите?
  1. 1. Што се подразбира под поимот зимски услови на патот?
    ако постои опасност од појава на воден клин
    ако на патот има снег и голомразица
    ако на патот има вода
  2. 2. Која од наведената опрема не е дел од законски задолжителната опрема за патничките моторни возила:
    сигурносен рефлектирачки елек
    клинести подлошки
    резервни сијалици
  3. 3. Во услови на магла, возачот на задниот дел од возилото треба да има ги вклучено:
    стоп светлата на возилото
    само трепкачките светла
    задните светла за магла
  4. 4. „Намалена видливост“ постои ако поради неповолни временски и атмосферски влијанија, возачот не може јасно да ги воочи другите учесници во сообраќајот на оддалеченост од најмалку:
    300 метри на пат надвор од населено место
    200 метри на пат надвор од населено место
    250 метри на пат надвор од населено место
  5. 5. По изминати четири и пол часа непрекинато возење, возачот е должен да направи прекин во управувањето со возилото од најмалку:
    45 минути
    30 минути
    15 минути
  6. 6. При движење со возилото по снег или голомразица, возачот треба:
    да ја одржува константна брзината на движењето и да одбегнува нагли реагирања и движења со командите и управувачкото тркало
    да се движи со возилото со најголем степен на пренос
    да се движи со возилото со што почести и долги притискања на педалата на спојката
  7. 7. Под поимот „обиколување“ подразбираме, минување со возилото:
    покрај друго возило кое се движи од спротивна насока на коловозот
    покрај друго возило кое се движи во иста насока на коловозот
    покрај запрено или паркирано возило или друг објект што се наоѓа на сообраќајната лента по која се движиме со возилото
  8. 8. При движење со возилото, не смеете нагло да користите сопирачка, често да менувате брзини или остро да свртувате со управувачкото тркало, кога наидувате на:
    голомразица и снег на коловозот
    голем надолжен наклон на патот
    земјен пат
  9. 9. Според начинот на регулирање и правилата за првенство на минување на крстосницата, кој е редоследот по кој треба да поминат возилата?
    2-1-3
    3-1-2
    1-2-3
  10. 10. Патничкото возило од позиција А до позиција B ќе се движи по следната патека:
    1-2-4-7
    1-3-5-6
    1-3-4-6

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку прашања од квизот „Кој сака да биде милионер“ можете да погодите? Дали се сметате себеси за личност со обемни знаења од сите области? Тогаш овој к...
Квиз: Kолку се сеќавате на македонските драми што се учеа во училиште? Дали сакавте да читате драми од македонски автори додека бевте во училиште? Тога...
Правописен квиз: Кои зборови се пишуваат слеано, а кои не? Дали е „без друго“ или „бездруго“? Дали имате дилема кога треба да пишувате одре...
Брз тест по македонски правопис: Кои зборови се пишуваат слеано, а кои разделено? Дали и вие имате проблем со слеаното или одделното пишување на зборовите? Тестир...
Квиз: Дали ќе го положите тестот за американско државјанство? Ако сте Македонец и сакате да аплицирате за американско државјанство, треба да и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg