Најтешката логичка загатка која постои: Колку луѓе на островот имаат зелени очи?

Замислете дека постои остров каде луд диктатор држи во заробеништво 100 луѓе и сите се добри математичари.

logicka-zagatka-kolku-lugje-na-ostrovot-imaat-zeleni-oci-001.jpg

Не можат да избегаат, но постои едно правило кое владее - навечер, било кој затвореник може да побара слобода.

Ако има зелени очи, тогаш ќе биде пуштен, ако не, тогаш ќе биде фрлен во вулкан.

Сите затвореници имаат зелени очи, сите живееле на островот уште од нивното раѓање, но диктаторот направил сè за да се погрижи дека никој од нив не може да открие каква боја на очи има.

Нема огледала, ниту вода на која можат да го видат својот израз и што е најважно, затворениците не смеат да комуницираат меѓусебно.

Но, од друга страна, секое утро имаат можност да се видат еден со друг.

Сите знаат дека никој нема да се осмели да ја побара својата слобода освен ако не е апсолутно сигурен во својот успех.

Под притисок од организации за човекови права, диктаторот е принуден да дозволи некој однадвор да дојде на островот и да разговара со затворениците, со неколку услови.

Можете да дадете само една изјава и не смеете да им давате нови информации.

Па, како можете да им помогнете на затворениците, а да не ги прекршите условите на диктаторот?

По долго размислување кажувате: „Барем еден од вас има зелени очи“.

Диктаторот се сомнева, но сигурен е дека вашата изјава нема да промени ништо.

Едно утро, 100 дена по вашата посета, островот е празен - сите затвореници во иста ноќ побарале да си заминат.

Како успеавте да го надитрите диктаторот?

Одговорот е на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Загатка што ќе ве измачи: Како е можно да се добие 30? Ако ви се предизвик математички загатки, тогаш ќе уживате додека ја решавате ова...
Загатка за умни глави: Ќе се сетите ли за какви роднински односи се работи? Дали се сметате за досетлива личност? Во оваа загатка одговорот ви е пред очи, н...
Логичка загатка: Колку нозе има на подот? Дали размислувате логично и „надвор од кутијата“ или логиката не ви е силна стра...
Трик прашање за луѓе со детективски ум: Како возачот ја видел мачката? Ги тестираме вашите детективски способности со еден едноставен случај... Како е ...
Загатка за умни глави: Што купив најпрво? Дали сакате да решавате загатки и досетки? Ако да, тогаш сигурно оваа загатка ќе...
Загатка која ќе ви го размрда мозокот - Поместете едно чкорче и добијте точно равенство Дали сакате математички предизвици? Ако сакате, тогаш оваа загатка е само за вас...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg