Читаме од дланка: Проверете дали вашиот љубовен живот е во опасност

 Ако не знаете ништо за читање од дланка, има четири основни линии на дланката кои треба да ги знаeте: линија на срцето и љубовта, линија на судбината, линија на главата и линија на животот.

citame-od-dlanka-proverete-dali-vasiot-ljuboven-zivot-e-vo-opasnost-1

Читањето од дланка е уметност преку која можете да предвидите нечиј карактер или нечија иднина со интерпретирање на линиите на нивната дланка. Линијата на срцето го покажува квалитетот на љубовниот живот на личноста.

Има многу работи кои можете да ги откриете за вашиот љубовен живот преку вашата дланка и несакаме да кажуваме лоши вести, но сепак ако вашата линија ги содржи следните карактеристики тогаш вашиот романтичен живот воопшто не е лесен.

Ако вашата љубовна линија ја нема во следните описи тогаш можете слободно да издишете.

citame-od-dlanka-proverete-dali-vasiot-ljuboven-zivot-e-vo-opasnost-2

Долга линија на срцето која се протега преку целата дланка

Ако вашата љубовна линија е доволно долга за да стигне од едниот до другиот крај на дланката, тогаш треба да се запрашате: “Дали го/ја сакам затоа што сериозно ме прави среќен/на или затоа што сочувствувам со него/неа бидејќи зависи од мене”?

Луѓето кои имаат љубовна линија која се протега по целата должина на дланката најчесто се компулсивни зависници од грижа према другите. Тие најчесто имаат проблем со зависност и сочувствуваат со луѓето премногу што може да им донесе многу проблеми во врската.

Многу кратка љубовна линија

Ако сте на љубовен состанок и забележите дека личноста која седи до вас има многу кратка љубовна линика што не допира ни еден крај од дланката, тогаш нема да чувствувате притисок воопшто нешто да прозборите.

Најверојатно тие ќе го водат разговорот и ќе зборуваат само за нив. Овие личности се егоцентрични и се грижат само за себе.

Многу длабока и права љубовна линија

Луѓето со длабока и права љубовна линија најверојатно ќе ви пребаруваат низ телефонот и ќе пишуваат пораки на вашите бивши да не пробаат да ве контактираат никогаш повеќе. Длабоката линија е симбол на љубомора и контрола.

Овие личности имаат многу нездрави верувања за авторитет. Потсвесно тие пробуваат да го контролираат секој чекор на партнерот и сакаат да имаат многу големи влијание врз неговиот живот.

Брановидна љубовна линија

Ова е знак дека имате многу нестабилност во љубовниот живот. Личност со долга и брановидна линија што ги допира двете страни на дланката е најчесто личност која е емотивна нестабилна. Оваа личност бара партнер кој ќе се грижи за неа/него како што родител се грижи за дете.

Личноста со кратка брановидна линија е личност која не може да издржи да биде во долготрајна врска и најчесто има кратки и нестабилни врски.

Избледена љубовна линија

Ако вашиот партнер има избледена љубовна линија тогаш вие сте во опасност. Тоа е знак дека тој/таа не му дава важност на емотивниот живот. Тие сакаат кратки авантури и не можете да очекувате дека со нив ќе имате долга и значајна врска.

Единствен начин да успее ваква врска е ако им дадете премногу личен простор да се фокусираат на други работи во кои најверојатно нема да бидете воопшто вклучени.

Ако немате љубовна линија

Луѓето кои немаат љубовна линија се едни од тие луѓе на кои не им е грижа за ништо. Тие знаат да бидат навистина злобни, а тоа е поради тоа што не им е грижа. Вашите бивши не ве интересираат, вие оставате скршени срца насекаде без грам грижа на совест.

Скршена љубовна линија

Ако вашата љубовна линија изгледа како некој да избришал големо делче од неа, тоа е знак дека на вашиот љубовен живот му сметаат вашите промени на расположение и вашиот емотивен стрес.

Можеби сте имале некоја траума во љубовниот живот и сте силно поврзани со вашиот страв. Овој страв сериозно му наштетува на вашиот љубовен живот.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

КВИЗ: Дали имате моќ да правите избори кои ве носат на следно ниво во животот? Дали квалитетот ви е важен пред квантитетот? А напредокот во технологијата? Дали...
Квиз: Колку добро ги чувате тајните на пријателите? Дали сте личност на која луѓето можат да ѝ се доверат, или, пак, сте од оние што...
Квиз на личноста: Заради која добра особина луѓето ги занемаруваат вашите мани? На пријателите им пречи вашето грицкање нокти, зборувањето со полна уста или тоа...
Квиз: Каков впечаток оставате како личност, според доктор Фил? Дали делувате срамежливо и повлечено или доминирате и имате вродени лидерски спо...
Квиз: Дали вашата љубовна врска е пред распаѓање? Дали врската ви е пред распаѓање? Постои ли нешто што може да се спаси, или е вр...
Квиз: Каде грешите во љубовните врски? Каков партнер сте кога сте во љубовна врска и каде грешите во односот со саканат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg