Човечки лик, дрво или птици - што забележавте прво на сликата?

Човечки лик

Доколку прво ги забележавте контурите кои создаваат силуета на човечки лик, вие го градите својот карактер на сличен начин–како еден вид на сложувалка.

Постојано се пронаоѓате себеси и наоѓате начини да се надоградите, а потоа да се покажете пред светот во најдоброто можно светло.

Пробувате да постигнете одлични резултати во повеќе различни области, кои подоцна ги спојувате во мозаик со цел да изградите совршена слика од себеси.

На некој начин вие колекционирате мали парченца кои потоа ги составувате во една совршена слика која ја отсликува вашата личност.

Овие парченца од сложувалката може да бидат: облеката и модните додатоци кои ги носите, имотот кој го поседувате, кругот на пријатели со кои се дружите, па дури и колеги кои придонесуваат за вашиот имиџ, односно ве прават онакви какви што сакате да се претставите.

Од друга страна, може да се работи и за апстрактни нешта: достигнувања, искуства, вредности, вештини коишто сте ги совладале или спомени кои ги црпите со цел да изградите слика од човекот каков што сакате да бидете.

Вие може да се обидувате да нацртате совршена слика од себеси, но тоа најчесто е контрапродуктивно, бидејќи совршенството е само илузија.

Постојано барате одобрување и прифаќање од другите околу вас. Сепак, најдобро е светот да ве види точно онакви какви што сте, без разлика дали ќе им се допаднете или не.

Смислата на животот не е да им угодувате на сите други и постојано да барање туѓо одобрување.

Sto-prvo-zabelezavte-na-slikata (1).jpg

Мозок/дрво

Слично како и дрвото на сликата, вашата желба е постојано да го збогатувате вашето знаење.

Вие сте навистина љубопитни. Се обидувате да научите што е можно повеќе работи. Сè што правите на некој начин е поврзано со константно дообразување.

Обожавате секојдневно да учите нови нешта од различни теми и области. Многу веројатно е дека сте обожавател на натприродни феномени, теории на заговор и неразјаснети мистерии.

Другите најчесто ве опишуваат како личност со широки познавања на многу различни теми.

Лесно ја разбирате психологијата и психолошките концепти. Да сте се родиле илјада години претходно, со сигурност би биле филозоф.

Обожавате да собирате различни информации кои подоцна ги составувате како некој детектив во потрага по вистината.

Апсорбирате што е можно повеќе знаење кое сакате да ве однесе до точните одговори, бидејќи не се задоволувате со ништо помалку од вистината.

Воопшто не ви е гајле како ве доживуваат другите луѓе. Вие само сакате да откриете кои сте и што барате тука. Тоа е најголемата мистерија со која се борите – смислата на вашето постоење.

Нема ништо погрешно во ова, сè додека внимавате да не се изгубите во целиот овој процес.

Sto-prvo-zabelezavte-na-slikata (2).jpg

Птиците и природата

Слично како и птиците на пејзажот, вие не се чувствувате како дел од општеството, ниту пак ја играте улогата која ви е доделена.

Не се обидувате да се изградите себеси, ниту пак да се пронајдете. Вие само сакате да бидете слободни и да искусите сè што ви нуди светот и животот.

Се чувствувате како да не се вклопувате баш најдобро каде што сте во моментов, и радо би патувале и би го истражувале остатокот од светот.

Не сакате да се задржите на истото место подолг временски период. Мислата дека сè е менливо и минливо ви ја ублажува нервозата, а желбата да испробувате нови нешта постојано расте.

Не ги сфаќате работите премногу сериозно. Сакате забави, сакате смеа и сакате одвреме-навреме да се однесувате по малку будалесто.

Обожавате да сте опкружени со природа. Срцето започнува да ви чука малку посилно кога откривате нови предели и градови.

Повеќе го цените искуството отколку знаењето. Апсорбирате информации кои ви се потребни во моментот, а потоа истите ги заборавате, бидејќи сметате дека ја завршиле својата намена.

Лесно се адаптирате и продолжувате понатаму.

Се обидувате да не се врзувате премногу за луѓе и места. Главната цел во животот е да искусите сè што ви нуди светот.

Не се заморувате со тоа како гледаат другите кон вас или во што е смислата на животот. Вие сте еден вид светски патник кој сака постојано е на одмор и сака само да се забавува.

Иако ништо не е вечно, сепак треба да внимавате на врските кои ги имате, без разлика дали се семејни или љубовни. Никој не е скроен да биде сам.

Sto-prvo-zabelezavte-na-slikata (3).jpg

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Првото животно што ќе го видите на илустрацијата ќе ги открие тајните на вашата личност Ако видовте камила - вие сте личност која не се откажува што и да ви се случи. К...
Тест на потсвеста: Начинот на кој ја држите шолјата ги открива тајните на вашата личност Дали ја држите шолјата за чај или кафе со целата дланка, само за рачката, или со...
Оптичка илузија: Она што прво ќе го забележите на илустрацијата открива детали за вашиот љубовен жив... Погледнете ја добро илустрацијата и откријте детали за вашиот однос кон љубовта ...
Усни или плажа? Тоа што прво го видовте на илустрацијата открива какви сте по природа Велат дека една слика вреди 1.000 зборови, а тоа што прво го забележувате на илу...
Тест на потсвеста: Што прво гледате на илустрацијата - открива како ве гледаат другите, а какви сте ... Овој тест на потсвеста ќе ви открие какви сте навистина, а како, всушност, ве гл...
Тест на личноста: Изберете едно дрво и дознајте повеќе за вашиот карактер Замислете дека го имате вашиот двор од соништата... Додека го пиете вашето утрин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg