Тест на личноста: Кој е вашиот најголем страв во љубовта?

Она што прво ќе го забележите на сликата, открива зошто потајно се плашите да се вљубите, односно да бидете во врска.

test-na-lichnosta-koj-e-vashiot-najgolem-strav-vo-ljubovta-1.png

Без оглед на карактерот и особините на личноста, љубовта претставува најубавото нешто кое може да му се случи на еден човек.

Меѓутоа, истовремено предизвикува и одредени стравови, поврзани за животот и односите со емотивниот партнер. Знаете ли кои се вашите?

Погледнете ја добро сликата. Таа го крие одговорот за вашиот најголем страв во љубовта.

test-na-lichnosta-koj-e-vashiot-najgolem-strav-vo-ljubovta-2.jpg

Што најпрво забележавте?

1. Лице на маж

Ако прво ви падна во очи лицето на маж, вашиот најголем страв е од непознатото и неизвесноста.

Секоја врска е нов почеток, па мала е ползата од стариот љубовен багаж. Стравувате од иднината и она што таа ви го носи покрај партнерот, затоа што сѐ е возможно да се случи.

Сосема е нормално да се плашите од тоа што не го знаете. А, има ли нешто пострашно од некому да ја отворите својата душа, ризикувајќи еден ден да ве повреди или напушти?

Сепак, мора да се фатите во костец со таквиот страв, како и да се ослободите од него. Плашејќи се од непознатото, ќе ја изгубите можноста вистински да го доживеете она што животот ви го нуди. Ни љубовта не е исклучок.

test-na-lichnosta-koj-e-vashiot-najgolem-strav-vo-ljubovta-3.png

2. Жена со книга

Ако прво ви падна во очи жената со книга, вашиот најголем страв е дека ќе се изгубите себеси.

Вам не ви е одбивна идејата да се вљубите, ниту да се поврзете со партнер за кого сметате дека ве разбира и поддржува. Меѓутоа, истовремено и ве плаши, затоа што кога лудо сте заљубени – тогаш максимално се предавате.

Веројатно имате лоши искуства од минатото, поради кои сте биле длабоко повредени и изгубени. Сега стравувате дека така ќе биде и секој нареден пат, а не сакате ова повторно да ви се случи.

Сепак, имајте на ум дека не сте единствени. Многумина го имаат ваквиот страв, бидејќи и тие го доживеале истото. За среќа, по секоја врска излегувате посилни одошто си мислите. Станувате позрели и посвесни за себеси. Па, ви се зголемува и самопочитта. А, штом сте психички јаки, тешко е некој да ве скрши.

test-na-lichnosta-koj-e-vashiot-najgolem-strav-vo-ljubovta-4.png

3. Маж со качулка

Ако прво ви падна во очи мажот со качулка, вашиот најголем страв дека ќе ја покажете својата темна страна.

Луѓето околу вас ве доживуваат како весела, мила, насмеана и топла личност - бидејќи такви и сте – но поседувате и прикриени особини, па ве ужаснува помислата да бидете „разоткриени“.

Поточно, страв ви е дека колку и да се обидувате, не ќе може во врската да ги скриете сопствените недостатоци. Лошата вест? Во право сте. Никој не може постојано да глуми. Исцрпувачки е! Порано или подоцна, саканата личност ќе ја забележи и вашата темна страна.

Сепак, доколку сте со во здрава врска и со личност што искрено ве љуби, тогаш ќе ве прифати такви какви што сте, со сите доблести и мани. На крајот на краиштата, никој не е совршен, па ни партнерот.

test-na-lichnosta-koj-e-vashiot-najgolem-strav-vo-ljubovta-5.png

4. Жена во далечина

Ако прво ви падна во очи жената во далечина, вашиот најголем страв е дека никогаш нема да најдете вистинска љубов.

Самотијата ве „боде“ во градите како нож. Минатите неуспешни врски, пак, ви оставиле горко чувство дека иако љубовта постои, вам веројатно не ви е судена, ниту нeкогаш ќе ја сретнете правата личност.

Лесно е да се изгубите во таквиот магичен круг, особено ако претходните искуства ви биле болни. Сепак, вистината е малку поинаква. Доколку посакувате љубов – тогаш и ќе имате љубов.

Пристапете му на светот со отворено срце и пружете им прилика на луѓето позитивно да ве изненадат. Не повлекувајте се во себе. Изгубено е само она од кое сме се откажале.

test-na-lichnosta-koj-e-vashiot-najgolem-strav-vo-ljubovta-6.png

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Првото животно што ќе го видите на илустрацијата ќе ги открие тајните на вашата личност Ако видовте камила - вие сте личност која не се откажува што и да ви се случи. К...
Тест на потсвеста: Начинот на кој ја држите шолјата ги открива тајните на вашата личност Дали ја држите шолјата за чај или кафе со целата дланка, само за рачката, или со...
Оптичка илузија: Она што прво ќе го забележите на илустрацијата открива детали за вашиот љубовен жив... Погледнете ја добро илустрацијата и откријте детали за вашиот однос кон љубовта ...
Усни или плажа? Тоа што прво го видовте на илустрацијата открива какви сте по природа Велат дека една слика вреди 1.000 зборови, а тоа што прво го забележувате на илу...
Тест на личноста: Што открива омилениот вкус на сладолед за вашиот карактер? Ако сакате ванила, вие сте личност која ги цени квалитетот и минимализмот. Не се...
Тест на личноста: Изберете едно дрво и дознајте повеќе за вашиот карактер Замислете дека го имате вашиот двор од соништата... Додека го пиете вашето утрин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg