Начинот на кој стоите додека зборувате ви го открива мислењето за соговорникот
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Возач 29-03-2020
ВОЗАЧИ 27-03-2020


Начинот на кој стоите додека зборувате ви го открива мислењето за соговорникот

Говорот на телото е невербален начин на комуникација кој лесно го открива нашето мислење, расположение и карактер, без да кажеме ниту збор.

nacinot-na-koj-stoite-dodeka-zboruvate-vi-go-otkriva-mislenjeto-za-sogovornikot-01.jpg

Почнувајќи од нашиот став, до нашите гестови, несвесно го откриваме мислењето за соговорникот кој стои пред нас.

Па, како стоите додека зборувате со пријателите, а како со колегите или надредените?

Паралелен став

Оваа положба е типична за луѓето кои очекуваат некој вид на команда. Иако делува како неутрален став, најчесто паралелното стоење со раширени нозе значи пријателски пристап, додека затворените нозе симболизираат несигурна и срамежлива личност.

Ваквиот став го имаат војниците пред командирот, учениците пред учителот, што значи дека соговорникот го гледаат со авторитет.

nacinot-na-koj-stoite-dodeka-zboruvate-vi-go-otkriva-mislenjeto-za-sogovornikot-02.jpg

Раширени нозе

Оваа положба укажува на поголема потреба за личен простор и истакнување. Со ваквото стоење се покажува надмоќ, особено во ситуациите кога луѓето мора да останат силни и сигурни.

Ваквиот став многу често го имаат и луѓето кои се чувствуваат загрозено од соговорникот од било која причина.

nacinot-na-koj-stoite-dodeka-zboruvate-vi-go-otkriva-mislenjeto-za-sogovornikot-03.jpg

Стапало вперено нанапред

Ставот кој се карактеризира со префрлање на тежината од една на друга нога дава слика на опуштен човек кој е задоволен и самоувверен додека зборува. Овој став луѓето најчесто го користат со соговорници кои се чувствуваат пријатно и се сложуваат со нивното мислење.

Ако стапалото е вперено кон соговорникот, значи дека разговорот тече одлично, но ако стапалото е насочено на страна од соговорникот, значи дека едвај чека да побегне.

nacinot-na-koj-stoite-dodeka-zboruvate-vi-go-otkriva-mislenjeto-za-sogovornikot-04.jpg

Прекрстени нозе

Типично за овој став е дека луѓето кои го користат имаат одбранбен механизам и не сакаат соговорникот да навлегува во нивниот личен простор.

Ставот укажува и на тоа дека соговорникот не оди никаде додека не ве убеди во она што го кажува.

nacinot-na-koj-stoite-dodeka-zboruvate-vi-go-otkriva-mislenjeto-za-sogovornikot-05.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Само луѓето со беспрекорен вид можат да го решат овој тест Дали знаете колку ви е прецизен видот? Колку добро можете да забележувате речиси...
Што прво ќе видите на сликата открива: Зошто немате среќа во љубовта и како да ја најдете? Доколку сте љубители на тестови кои само со една фотографија ви откриваат нешто ...
Што открива за вас поставеноста на перницата додека спиете? Ја гушкате, сакате да ви биде под вратот или најчесто завршува на земја – која е...