Ликот што ќе го забележите прв го открива карактерот и иднината на вашите романтични врски

Лик на маж

Доколку прво го видовте ликот на мажот во дрвото, вие сте многу уметничка и креативна личност, а вашиот живот е ориентиран кон постојана авантура. Секој ден мора да ви носи нешто ново, а можеби дури и нова љубов.

Размислувањето дека чашата е половина празна никако не е за вас. Всушност, за вас таа е секогаш полна, па дури и се прелева.

Карактер: Имате експлозивен карактер што им дава енергија на сите околу вас.

Романтични врски: Мислите дека не сте вистински подготвени за сериозна врска, но еден ден ќе ја запознаете вистинската личност и ќе заборавите дека не сте биле спремни.

Лик на жена

Доколку прво го забележавте ликот на жената, тогаш мајчинството и добрината за вас се целиот свет. Секогаш мислите на луѓето коишто ви се важни и сакате да се грижите за нив. Спремни сте да помогнете секому, во секое време, и сите ваши пријатели знаат дека секогаш сте тука за нив.

Карактер: Вие сте неверојатно топла и грижлива личност и за секој од вашето опкружување има место во вашето срце.

Романтични врски: За вас во врската најважни се грижата, софистицираноста и балансот.

Лик на дете

Доколку прво го забележавте ликот на детето, вие сакате да се грижат за вас. Кога станува збор за љубовниот живот, не сакате да го направите првиот чекор, па дури ни вториот. Вашиот љубовен живот мора да се заснова искреност, духовност и хармонија. Вие сте многу тивки и не сакате големи одлуки.

Карактер: Убавина, посветеност и лојалност се вашите главни карактеристики.

Романтични врски: Вие сте лојални и посветени сè додека не морате да одлучувате.

Лик во водата

Доколку прво го видовте ликот во водата, она што го сакате во вашиот љубовен живот е слободата. Вие го живеете животот безгрижно и целосно. Лесно се спријателувате и не верувате во длабоки чувства.

Сте одбрале да живеете во моментот и воопшто не се грижите за утре. Одбивате да се грижите за работите, за вас животот е одличен без обзир на сè.

Карактер: Вие сте многу отворена личност, но некои луѓе може да мислат дека сте плитки.

Романтични врски: Не сакате обврски и претпочитате да имате многу пријатели, но не сакате никој премногу да се зближи со вас.

Силуета на жена

Доколку прво ја забележавте силуетата на жената, вие сакате да бидете во центарот на вниманието. Паметни сте и цените кога луѓето го забележуваат вашиот интелект, но исто така не ви смета доколку обрнуваат внимание на вашиот физички изглед.

Вие сте социјална пеперутка и секогаш носите среќа. Луѓето сакаат да се околу вас, но понекогаш знаат да станат завидливи на вашата способност да смислувате добри идеи.

Карактер: Сакате забава и за вас тоа е најбитно во животот. Ништо не може да ве загрижи или растажи.

Романтични врски: Длабоко во себе сте уплашени од сериозна врска и посветеност. Тоа е причината зошто решавате да ја избегнете љубовта.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Првото животно што ќе го видите на илустрацијата ќе ги открие тајните на вашата личност Ако видовте камила - вие сте личност која не се откажува што и да ви се случи. К...
Тест: Одберете една роза и дознајте што се крие во вас (дури и работи за кои не сте свесни) Дали вие сте личност која има потреба на другите луѓе да им се претставува во по...
Тест на потсвеста: Начинот на кој ја држите шолјата ги открива тајните на вашата личност Дали ја држите шолјата за чај или кафе со целата дланка, само за рачката, или со...
Тест на личноста: Што открива омилениот вкус на сладолед за вашиот карактер? Ако сакате ванила, вие сте личност која ги цени квалитетот и минимализмот. Не се...
Оптичка илузија: Она што прво ќе го забележите на илустрацијата открива детали за вашиот љубовен жив... Погледнете ја добро илустрацијата и откријте детали за вашиот однос кон љубовта ...
Усни или плажа? Тоа што прво го видовте на илустрацијата открива какви сте по природа Велат дека една слика вреди 1.000 зборови, а тоа што прво го забележувате на илу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg