Откријте го својот Архангел-заштитник според бројот на вашето раѓање

Секој архангел владее со една или повеќе фреквенции кои одговараат на нумеролошкиот систем. Доколку сакате да откриете кој архангел владее со вашите броеви, потребно е да го пресметате вашиот нумеролошки број, користејќи го датумот и годината на раѓање.

Otkrijte-go-svojot-arhangel-zashtitnik-01.jpg

На пример, доколку сте родени на 31.07.1991 година, тоа значи дека треба да ги соберете сите цифри поединечно за да добиете еден број.

Или поточно: 3+1+0+7+1+9+9+1=31, а потоа 3+1=4.

Доколку ги добиете броевите 11, 22, 33 или 44 немојте да ги собирате затоа што тие се специфични броеви со огромно влијание во нумерологијата.

Кога ќе го пресметате вашиот број, дознајте кој архангел владее со него и што значи тоа за вас:

Број 1 – Архангел Рагуил

Ова име означува „божји пријател“ и тој е одговорен за исполнување на божјите желби, воведувајќи ги помеѓу луѓето.

Овој архангел помага во создавањето на мирот и интеракцијата помеѓу луѓето, како и поврзаноста кои луѓето ја чувствуваат сами кон себе.

Број 2 и 11 – Архангел Урил

Ова име означува „Бог е мојата светлина“. Урил се поврзува со мудроста и вистината.

Овој архангел може да ви помогне во донесувањето одлуки, во поглед на мудроста, носејќи ви светлина во темнината, ослободувајќи ве од болните спомени, претворајќи ги разочарувањата во победа.

Број 3 – Архангел Јофил

Ова име значи „Божја убавина“. Архангелот Јофил е ангелот на убавината – не само на физичката, туку и на внатрешната.

Мисијата на овој Архангел е да им донесе убавина во животот на луѓето, убави мисли, убави чувства, со еден збор – убав дом.

Број 4 и 22 – Архангел Ханиел

Ова име симболизира „Божја радост“. Ханиел е преминот помеѓу нас и Господ, давајќи им заштита на оние кои бараат просветлување.

Овој архангел носи чувствителност, љубов и радост, ги осветлува нашите души кога чувствуваме страв или стрес и кога грижата сака да завладее со нас.

Број 5 – Архангел Јеремил

„Божјата милост“ или Јеремил се поврзува со претскажувачките визии, соништата и животните погледи.

Овој архангел им помага на душите на живите и мртвите да направат анализа на своите постапки и да учат од грешките.

Број 6 и 33 – Архангел Михаил

Ова име означува „Оној што е како Бог“. Михаил е архангелот којшто ги води рајските ангели.

Михаил го уништува злото односно негативната енергија којашто ве исцрпува и ги штити луѓето од зло.

Број 7 – Архангел Рафаил

Ова име значи „Бог лекува“. Архангелот Рафаил е исцелител во ангелското царство и помага со психичките, менталните и духовните проблеми.

Овој архангел воедно се смета за заштитник на човештвото.

Број 8 и 44 – Архангел Разиел

„Божја тајна“ е името што го симболизира Разиел. Тој се смета за најблизок до Бога, архангелот кој е заштитник на правдата, правниците, адвокатите и судиите.

Разиел во себе го има знаењето на универзумот и може да ви помогне да се потсетите на мудрости коишто се таложеле во вас со текот на времето.

Број 9 – Архангел Ариел

Ова име значи „Лав божји“, а архангелот Ариел е заштитник на природата и сите живи суштества како и четирите елементи (оган, земја, вода, воздух).

Заштитник и исцелител на природниот свет, Ариел им помага на луѓето да ѝ се приближат на природата без притоа да ја уништат.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Квиз: Колку добро ги чувате тајните на пријателите? Дали сте личност на која луѓето можат да ѝ се доверат, или, пак, сте од оние што...
Математички IQ тест за остроумни - Ќе го најдете ли решението за 10 секунди? Проверете ги своите логички и когнитивни способности и обидете се да го најдете ...
Квиз на личноста: Заради која добра особина луѓето ги занемаруваат вашите мани? На пријателите им пречи вашето грицкање нокти, зборувањето со полна уста или тоа...
Квиз: Од кoja (модерна) фобија страдате? Дали сте суеверни па имате фобија од бројот 13, или пак ваш најголем страв е дек...
Квиз: Во какви односи сте со шефот и дали треба да дадете отказ? Дали имате токсичен шеф што сака да се изживува со вас или пак тој ви е „идол“ о...
Квиз: Дали имате добри манири или се однесувате како некултурна личност? Дали за време на вечера чекате сите да седнат пред да почнете да јадете и дали в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg