Што прво забележавте на сликата: волкот или овцата?

Доколку прво ја забележавте овцата:

Вие сте личност чие однесување не им се допаѓа на многумина, затоа што се однесувате онака како што мислите дека е правилно. Тоа на другите не им одговара, но вие не се грижите премногу околу тоа. Не се обидувате да му се допаднете никому, ниту сакате да се додворувате и ги правите само оние работи кои сметате дека се правилни.

Она што другите нема да ви го признаат е дека токму заради тоа и ви се восхитуваат. Многумина ви се воодушевуваат заради вашата автентичност и храброст да го направите она што го сакате, без разлика на тоа што мислат другите. Исто така луѓето ве гледаат како некој со кого можат да постигнат договор, но само на добар начин „според правилата“.

Вие сте личност којашто ништо не прави со сила или под притисок на околината. Она што исто така го почитуваат другите кај вас е вашата праведност и фактот дека секогаш сте на страната на правдата и на сите им враќате според заслуга.

Многумина го сакаат фактот дека никогаш не се откажувате и дека за сè одлучувате самите. Баш затоа многумина сакаат да се како вас, но тоа никогаш нема да ви го кажат. За вас лошо можат да зборуваат само лоши луѓе, бидејќи ви љубоморат, но вас тоа не ве загрижува, бидејќи знаете дека секој добар човек за вас има добро мислење.

Доколку прво го забележавте волкот:

Вие сте личност која го живее својот живот и не се грижи многу за мислењето на другите. Но она што е вистина е дека многумина имаат позитивно мислење за вас и дека многумина ве почитуваат. Тие многу добро знаат дека вие сте некој што може навистина да им го разубави животот.

Но исто така добро ве знаат и знаат дека сте спремни некому да му го загорчите животот, доколу тој некој ве повреди. Она што особено им одговара на другите во врска со вас е вашата неверојатна сигурност.

Многумина сметаат дека сте многу сигурна личност, која никогаш не ветува нешто што не може да го исполни. Затоа луѓето ве ценат и сакаат да ве имаат во своето друштво како пријатели. Многумина и ви се восхитуваат, но тоа нема да ви го признаат никогаш. Една од првите причини зошто ви се восхитуваат е тоа дека секогаш и секому ќе му ја кажете вистината в лице.

Исто така уживате голема почит од страна на другите затоа што никогаш нема да се откажете од вашите соништа, дури и тогаш кога не постојат големи шанси дека ќе успеете да се изборите за нив. Другите во вас гледаат личност која секогаш знае што сака, сигурна личност која не се плаши од ништо и за која зборот „невозможно“ не постои во речникот.

Многумина ви забодуваат, но вие на таквите не им обрнувате внимание. Вие уживате во вашиот живот и секогаш го правите она што сакате и мислите дека е најдобро за вас.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Првото животно што ќе го видите на илустрацијата ќе ги открие тајните на вашата личност Ако видовте камила - вие сте личност која не се откажува што и да ви се случи. К...
Тест: Одберете една роза и дознајте што се крие во вас (дури и работи за кои не сте свесни) Дали вие сте личност која има потреба на другите луѓе да им се претставува во по...
Тест на потсвеста: Начинот на кој ја држите шолјата ги открива тајните на вашата личност Дали ја држите шолјата за чај или кафе со целата дланка, само за рачката, или со...
Тест на личноста: Што открива омилениот вкус на сладолед за вашиот карактер? Ако сакате ванила, вие сте личност која ги цени квалитетот и минимализмот. Не се...
Тест на личноста: Изберете една палма и дознајте што ве очекува летово Секоја палма на фотографијата пред вас има различно значење. Одберете ја палмата...
Што открива начинот на седење за вашиот карактер? Дали седите исправено или повеќе сакате да седите на подот со прекрстени нозе? Ш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg