Што прво ќе видите на сликата открива каков партнер ви е потребен во животот

Пеперутка

Вие сте харизматични и многу талентирани, во потрага по некој кој не само што ќе ги цени овие квалитети кај вас, туку делумно ќе има и креативност во самиот себе. Вие не барате само некој што ќе биде само обожавател на вашиот талент, туку партнер во она што го работите.

Поддршката ви е многу поважна отколку слепото обожување. Сакате покрај себе некој со кого ќе се поврзете пред сè на духовно ниво. Потребна ви е сигурна, самоуверена и дружељубива личност која ќе ви биде вистинска потпора и рамо за плачење во тешките времиња.

Дрво

Дрвото е персонификација на сигурност и цврстина. Вие барате некој покрај кого ќе се чувствувате сигурно и заштитено. Не ве привлекува изгледот, шармот – убедени сте дека ова нема практична вредност. Цврсто сте фокусирани на создавање силно семејство и барате некој кој може да обезбеди пристојна иднина за вас и вашите деца.

Кога се запознавате со некого за прв пат веднаш расчистете колку вашите цели во животот се совпаѓаат со неговите, дали тој е сериозен во врска со создавање семејство и дали е подготвен да ја преземе одговорноста за вас. Ова ќе ви заштеди време, да не се занимавате со несериозни мажи коишто не се подготвени за сериозна врска.

Лице

Посакувате енергична личност која е во состојба да ве води. По природа вие не сте лидер и ви треба некој кој ќе ги носи одлуките наместо вас и ќе преземе одговорност. Свесни сте колку е тешко две слаби личности да преживеат во овој суров свет, па токму затоа сте во потрага по некој што ќе биде многу посилен од вас.

Обратната страна на паричката од ваквиот избор може да биде вистински деспот, односно агресивен партнер. За да не бидете подоцна жртва на домашно насилство, внимателно анализирајте го однесувањето на партнерот, дури и во почетните фази на запознавање.

Сонце

Леснотијата и опуштеноста ви е особено важна кај партнерот – начинот на размислување, карактерот, начинот на живот. Не ве привлекуваат сериозни разговори и обврски, затоа барате некој кој го гледа животот едноставно како и вие, без да ја комплицира дополнително ситуацијата.

Потребна ви е личност која е подготвена во секое време да промени сè во својот живот, да отиде и до крајот на светот доколку е потребно. Некој што нема да жали доколку остави сè зад себе, партнер подготвен за промени, лесна адаптација. Ненаметливост, спонтаност и позитивен став кон животот – тоа се квалитети коишто ги барате кај партнерот.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

КВИЗ: Дали имате моќ да правите избори кои ве носат на следно ниво во животот? Дали квалитетот ви е важен пред квантитетот? А напредокот во технологијата? Дали...
Квиз: Колку добро ги чувате тајните на пријателите? Дали сте личност на која луѓето можат да ѝ се доверат, или, пак, сте од оние што...
Квиз: Дали го сакате партнерот или само сакате да сте во врска? Дали ја идеализирате врската или навистина го сакате партнерот? Решете го овој к...
Квиз: Дали сте во врска со себичен партнер? Дали сте во врска со себичен партнер што се грижи само за себеси или со партнер ...
Квиз: Каков впечаток оставате како личност, според доктор Фил? Дали делувате срамежливо и повлечено или доминирате и имате вродени лидерски спо...
Квиз: Каков тип на партнер сте, кога сте во врска? Дали со својата несигурност го оттурнувате партнерот или пак сте личност што сак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg