Огромна елка и украси од детството - Кајли Џенер покажа како го украсила домот



На нејзиниот Instagram профил, Кајли Џенер сподели стори на кое се пофали со новогодишните украси во нејзиниот дом. Најпрво ќе ја забележите огромната елка, која се чини дека едвај ја собира во просторијата, украсена со сијалички и интересни лампиони. Потоа Кајли го покажува и каминот на кој ставила сијалички, но и неколку украси за кои вели дека ги чува уште од детството. На крајот од видеото можете да ја видите и малата Сторми како си игра облечена во слатка облека.