ВИДЕО: Подвиг за восхит - Стефан Савевски го чита целиот македонски речник во видео од 5 часа

Подвиг за восхит - Стефан Савевски го чита целиот македонски речник во видео од 5 часа



Македонецот Стефан Савевски снимил видео долго речиси 5 часа, во кое го чита целиот македонски речник кој содржи 120.000 зборови. Како што вели самиот, тој го направил ова со цел да ја подигне свеста за македонскиот јазик и неговото користење. Стефан смета дека кога една нација го губи јазикот, тогаш човештвото почнува да ја заборава, заедно со целото нејзиното богатство и целата нејзина култура. Уникатната идеја и подвигот на Стефан дефинитивно се за восхит.