ВИДЕО: Внесувајте цинк, вежбајте со тегови - како да го зголемите нивото на тестостерон во телото?

Внесувајте цинк, вежбајте со тегови - како да го зголемите нивото на тестостерон во телото?



Тестостеронот, познат и како „машки“ хормон, се создава природно и во телото на мажите, но и во телото на жените. Разликата е во тоа што во машкиот организам има значително повеќе тестостерон отколку во женскиот. Но, поради хормонална нерамнотежа, кај некои мажи се случува да се намали нивото на тестостерон, а ова може да резултира со многу проблеми. Ако сте во ваква ситуација, најдоброто решение е консултацијата со лекар кој, ако има потреба, ќе ви препише и соодветна терапија. Но сепак, постојат и неколку работи што можете да ги направите вие за природно да го зголемите нивото на тестостерон во организмот, а во ова видео можете да дознаете нешто повеќе за нив.