ВИДЕО: Кери, Миранда и Шарлот се враќаат на малите екрани – објавен официјалниот трејлер за Sex and the City

Кери, Миранда и Шарлот се враќаат на малите екрани – објавен официјалниот трејлер за Sex and the City



По многу чекање, конечно имаме можност да го погледнеме официјалниот трејлер за новата сезона на Sex and the City. Во трејлерот се појавуваат добро познатите Кери Бредшо, Миранда Хобс и Шарлот Јорк, но овојпат без незаборавната Саманта. Трите пријателки уште се во Њујорк и ги водат нивните зафатени животи, додека главниот лик, Кери, изгледа пресреќно со нејзиниот сакан. Серијалот од 10 епизоди ќе почне да се емитува на HBO Max на 9 декември.