7 Инстаграм профили кои треба да ги следите доколку планирате свадба
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


7 Инстаграм профили кои треба да ги следите доколку планирате свадба

Свадбените церемонии бараат посветување многу време и внимание. Потребно е внимателно да се изберат сите детали, за сè да биде совршено за време на свечениот чин.

7-instagram-profili-koi-treba-da-gi-sledite-dokolku-ja-planirate-vasata-svadba-001.jpg

Доколку ви е потребна инспирација за тоа како вашата свадба да изгледа магично и уникатно, следниве Инстаграм профили ќе ви помогнат при изборот:

1. @marriedinny

Овде ќе најдете навистина симпатични фотографии. Фотографии преполни со радост од New York City Hall. Тука ќе можете да поминете часови и часови, разгледувајќи фотографии од среќни парови и нивните приказни.

https://www.instagram.com/p/3rPUrTMtIX/

2. @buzzfeedweddings

Тука, освен свадбени фотографии, можете да сретнете и разни инспирации за декорации, кои можете самите да ги подготвите, а секако има и некои шеговити слики.

https://www.instagram.com/p/BKgxKDth2Gr/

3. @bespokebride

Доколку самите сакате да организирате сè, и сè да биде по ваш личен вкус, ова е дефинитивно профил измислен за вас. Тој е исполнет со шарени инспирации и ќе ви даде многу идеи за вашиот голем ден.

https://www.instagram.com/p/BUJNaMsDuoM/

4.  @weddingsonpoint

Овој профил нуди фотографии од свадби кои се полни со сјај и гламур. Доколку сакате вашата свадбена церемонија да изгледа уникатно и на сите да им остави впечаток, стиснете „Follow“.

https://www.instagram.com/p/BTuhL2-A4WL/

5. @rocknrollbride

Инстаграм профил наменет за невести кои се помодерни од просечните. Тука ќе сретнете фотографии од парови кои воопшто не се срамат да бидат поинакви од останатите.

https://www.instagram.com/p/BK5Lyn-DTuh/

6. @bertabridal

Доколку сакате да видите како венчаницата би изгледала од самата скица, па сè до готовиот производ, овој профил е за вас. Тука се претставени креации на дизајнерката Берта Балити, кои се исклучително убави, па не би било чудно доколку потрошите часови разгледувајќи ги.

https://www.instagram.com/p/BQdk49Tg6nK/

7. @bellabridesmaids

Доколку се интересирате за фустани за деверуши, ви го препорачуваме Инстаграм профил. Тука ќе најдете голем број на фустани во различни бои и дизајни.

https://www.instagram.com/p/BLhDbfihw7g/

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Инстаграм трендови за летните свадби на отворено Летните свадби на отворено никогаш не биле толку популарни како сега и може да и...
За инспирација: Највпечатливите невестински фустани на славните личности Ако немате идеја каков фустан сакате да носите за вашиот најважен ден, можете да...
Уникатно запросување: Го закопал прстенот за таа да го пронајде со детектор за метал Барајќи предмети од 18-тиот век на терен, Хариет под земја пронашла метална кути...

Најчитани неделава