4 идеи за уникатна и незаборавна моминска забава, без многу трошоци
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
SEO Specialist 26-10-2020


4 идеи за уникатна и незаборавна моминска забава, без многу трошоци

Организирањето моминска вечер за вашата најдобра пријателка е прекрасно чувство, а самата прослава е момент кој создава незаборавни спомени со пријателките за цел живот.

4-idei-za-unikatna-i-nezaboravna-mominska-vecher-bez-mnogu-troshoci-001.jpeg

Секако, јасно е дека самите свадби претставуваат голем трошок, посебно ако сте поканети на неколку во ист период, но тоа не значи дека не можете да приредите незаборавна моминска забава и со мал буџет.

Еве неколку идеи за тоа како да организирате уникатна забава, без многу да се потрошите:

1. Класична „Great Gatsby“ забава

Вратете се во '20-тите и направете една елегантна забава со тема „Great Gatsby“. Ако некоја од вашите пријателки има базен или барем убав двор, уште повеќе ке додадете гламур на забавата.

Златни балони, чаши за шампањ декорирани со светки, вазни со бели ружи, мафини со бисерчиња и многу шампањ. Останува уште вашиот стајлинг да го вратите во тоа време и да не ги заборавите пердувите.

4-idei-za-mominska-vecer-izvodlivi-so-mal-budzet-4

2. „Кампување“ на отворено

Ако овој тренд не ви изгледа гламурозен, потсетете се дека и Кардашијан кланот имаше слична идеја. Направете сами шатор од хипстерки чаршафи, донесете меки шарени перничиња од дома, поставете многу неонски светла низ дворот и уште многу други работи на кои можете да се сетите за да ја направите забавата поуникатна и интересна.

Невестата ќе се чувуства како да е транспортирана на Коачела, а вие потрудете се вечерта да не биде досадна и уште долго да ја памтите!

4-idei-za-unikatna-i-nezaboravna-mominska-zabava-bez-mnogu-troshoci-002.jpg

3. Бранч во стилот на Одри Хепберн

Моминската забава не мора да значи дека е само навечер. Доколку невестата ужива во бранч дружби, ова би било совршена идеја како да ја изненадите. Изберете некое тренди место, облечете се во стилот на Одри Хепберн и уживајте во ден исполнет со мимози, кроасани, слатки и сè што таа би сакала.

4-idei-za-unikatna-i-nezaboravna-mominska-zabava-bez-mnogu-troshoci-003.jpg

4. Ден поминат во дегустација на вино

Испланирајте кратко патување и одете во најблиската винарија. Винариите најчесто имаат прекрасен поглед, така што ќе направите слики кои се вредни за споделување на Инстаграм.

Облечете лесни летни фустани, одберете маса со убав поглед, украсете со цветни аранжмани, дегустирајте вина и уживајте во моментите кои долго ќе ги паметите.

4-idei-za-unikatna-i-nezaboravna-mominska-zabava-bez-mnogu-troshoci-006.jpg

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

30 идеи за снежни свадбени фотографии Недогледно снежно белило и прегратки и љубов кои греат во студените денови... ...
Нежни и елегантни невестински фризури за летните свадби (фото) Целосно собрана или полу-собрана коса, декорирана со бисерчиња или нежно венче –...
20 идеи како да додадете боја во амбиентот на пролетните свадби Неутралните и пастелни нијанси се секогаш идеални за пролет, но новиот тренд мож...

Најчитани неделава