4 сосема разумни причини да НЕ организирате моминска забава

Моминските забави станаа толку голем тренд денес, што има луѓе кои повеќе ги сметаат за обврска, отколку што навистина сакаат да имаат ваква забава.

4-sosema-razumni-prichini-da-ne-organizirate-mominska-zabava-001.jpg

Има невести кои едноставно не сакаат да организираат моминска забава.

Еве неколку сосема разумни причини да ја прескокнете оваа обврска:

Не сакате да ги изложувате пријателките на непотребен трошок

Свесни сме колку чини една свадба и колку време се планира. Гостите треба да одвојат пари за подарок, за облека, шминка, фризура, па понекогаш навистина не мора да се трошат пари и за моминска вечер. Поштедете ги најблиските и уживајте во свадбената прослава.

Не сакате некој да се налути ако не е поканет на забавата

Забавата за невестата најчесто ја организира кумата или пријателките. Ако имате ограничен буџет и сакате да направите забава само со најблиските пријателки, може да се случи некоја пријателка која не сте ја поканиле да се најде навредена од тој чин. Затоа, канете гости само на свадбата, а моминската прескокнете ја.

Не сакате да додавате на стрес пред свадбата

Свадбите се и онака стресни сами по себе. Има толку многу работи кои треба да се испланираат и организираат. Моминската има второстепено значење, па подобро е да не додавате нервоза и стрес во овој период.

Не сте таков тип

Едноставно не сакате да имате моминска и тоа е тоа. Никому не должите објаснување за вашиот избор. Ако сепак сакате да го одбележите крајот на соло животот, направете мал собир на ваш начин. Не мора тоа да биде нешто спектакуларно или нешто што другите го очекуваат. Правете како што вие сами сметате дека е најдобро.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Водич за идни невести: Сè што ви е потребно за да организирате свадба за 1 месец Време е за вашата свадба од соништата? Но, дали ќе стигнам да подготвам се за ед...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg