Младешки и опуштено: Едноставни фризури за шик невести

Како да изгледате убаво, но не и премногу кичесто на својата свадба? Ви откриваме со нашите стилски предлози за невестински фризури, кои со малку вештина, може да си ги направите и сами.

mladeshki-i-opushteno-5-ednostavni-frizuri-za-shik-nevesti-1.jpg

Како и целокупниот изглед, така и фризурата за свадба - треба да биде единствена.

Секоја невеста сака да изгледа најдобро што може на својот голем ден. Меѓутоа, не баш секоја од нив сака и да има претерано свечена, гламурозна или накитена фризура.

Помалку е повеќе, а доколку не сте љубителки на претерувањата, тогаш нашите предлози сигурно ќе ви се допаднат.

Тие се мошне едноставни и умерени, со младешки и шик призвук, па идеални се за сите урбани невести што сакаат да изгледаат опуштено.

Притоа, толку се сестрани, што можете да ги искористите и за разни други прилики, а доволно лесни и да ги направите сами.

Петте едноставни фризури кои ќе ве претворат во кралица на лежерноста се:

1. Брановидна коса со цветни детали

Одлична фризура за долга и коса со средна должина. Доволно e да направите бранови со фигаро, преса, или, пак, на некој поинаков начин, предните прамени да ги сплететe во плетенка, а флоралниот детаљ да го прикачите на задниот дел од главата.

Нежна, елегантна и женствена, оваа фризура сигурно ќе го освои вашето, но и туѓите срца.

mladeshki-i-opushteno-5-ednostavni-frizuri-za-shik-nevesti-2.jpg

2. Бохо бранови

Оваа фризура е толку едноставна, што сигурно веќе и сте ја имале. А, сѐ што треба да направите се бранови во косата, па да ја пуштите природно да паѓа.

Притоа, ќе ви соодветствува било каков превез или невестински фустан, а вам со сигурност убаво ќе ви стои.

mladeshki-i-opushteno-5-ednostavni-frizuri-za-shik-nevesti-3.jpg

3. „Неуредна“ пунџа

Покрај навитканата коса, пунџите се една од омилените фризури на мноштво дами.

Доволно е да ја соберете косата во ниска или висока пунџа, па да пуштите неколку прамени да ви паѓаат покрај лицето.

Напрскајте ги слободните прамени со лак за коса, а потоа прицврстете ги наназад. Декоративните шноли или било каков друг украс, одлично ќе завршат работа.

mladeshki-i-opushteno-5-ednostavni-frizuri-za-shik-nevesti-4.jpg

4. Рибина коска

Плетенките, а особено рибината коска, отсекогаш привлекувале многубројни погледи.

Постојат повеќе варијации на оваа тема, но може да се каже дека за венчавките, идеална е разлабавената плетенка која паѓа на едната страна.

mladeshki-i-opushteno-5-ednostavni-frizuri-za-shik-nevesti-5.jpg

5. Полни кадрици

Кадравата коса никогаш не е лош избор, а ѝм прилега на мнозинството дами, особено кога се свечените настани во прашање.

На вашиот голем ден, навиткајте ја косата во полни кадрици (поситни или покрупни), па раширете ги со прстите, така што косата ќе добие волумен поради секој навиткан прамен.

Друга полесна, а полуксузна фризура – сигурно нема да пронајдете.

mladeshki-i-opushteno-5-ednostavni-frizuri-za-shik-nevesti-6.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

35 фризури за свадба за невести кои немаат идеја (фото) Фризурата за свадба е од големо значење за секоја невеста – како се замислувате ...
Водич за идни невести: Сè што ви е потребно за да организирате свадба за 1 месец Време е за вашата свадба од соништата? Но, дали ќе стигнам да подготвам се за ед...
Луксузна ромска свадба одржана во Виена: Сватовите ја купија невестата за огромна сума пари Невестата била купена за неколку десетици илјади евра, а гостите не се штеделе н...
Девојка ја прекроила венчаницата која на свадба ја носеле мајка ѝ и баба ѝ - ја расплака баба си (ви... Баба ѝ и мајка ѝ го носеле овој фустан на нивната свадба, а Британи сега го носи...
10 модели на венчаници кои ќе бидат хит во 2024 година Шарени цветови, впечатливи деколтеа, одвоени ракави … погледнете ги овие доминан...
5.000 гости, 10-дневна прослава: Како изгледа свадбата на синот на најбогатиот султан на светот? На главната забава биле поканети 5.000 гости, а со сите церемонии, свадбата ќе т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg