5 грешки кои старосватицата не смее да ги прави на свадба кај пријателката

Старосватицата ѝ е десна рака на невестата, а на својата пријателка мора да ѝ помага во организацијата и на денот на венчавката. Притоа, важно е да ги слуша и почитува нејзините желби и одлуки.

5-greshki-koi-starosvaticata-ne-smee-da-gi-pravi-na-svadba-kaj-prijatelkata-1.jpg

За големиот ден да помине во најдобар ред, како и да им остане во најубаво сеќавање, петте грешки кои старосватицата не смее да ги прави на свадба кај пријателката се:

1. Да наредува

Да се биде водач е добра работа, ама не и кога тоа оди на штета на невестата. Старосватицата не смее да наредува, а ни да се обидува таа да е главна при организирањето на венчавката.

Улогата на старосватицата е да ѝ биде десна рака на невестата, но и да води сметка за нејзините желби.

Да ѝ помогне во изборот на невестинскиот фустан, но и со сите останати обврски кои им се наменети на старосватиците.

Ниту една невеста не сака старосватица која наредува и не ги почитува нејзините желби или одлуки, туку претпочита таа важна улога да ја добие пријателката која ќе ѝ биде помошничка.

5-greshki-koi-starosvaticata-ne-smee-da-gi-pravi-na-svadba-kaj-prijatelkata-2.jpg

2. Да приговара поради изгледот

Старосватицата не смее да приговара поради својата фризура и шминка, ниту да инсистира на тоа нејзиниот изглед да биде главната тема за дискусија.

На денот на свадбата – невестата е во центарот на вниманието.

А, во настојувањата да ја направи старосватицата среќна, може да се случи повеќе внимание да ѝ посветува нејзе, отколку на самата себе.

5-greshki-koi-starosvaticata-ne-smee-da-gi-pravi-na-svadba-kaj-prijatelkata-3.jpg

3. Да исчезне

На денот на венчавката, се подразбира дека старосватицата ќе ѝ биде максимално посветена на невестата.

Односно, дека цело време ќе биде покрај неа, пред и за време на свадбата, како би можела да ѝ помогне во секој момент.

Старосватицата која исчезнува и си ја брка својата работа, дефинитивно не е за пофалба.

На невестата можеби ќе треба да ѝ ја поправи шминката, фризурата, фустанот, или, пак, да ѝ го придржи букетот, поради што неопходно е старосватицата да ѝ биде постојано на располагање.

Откако ќе завршат венчалните церемонии, а ќе почне свадбената веселба, старосватицата може да се опушти, но и понатаму да ѕирка кон невестата „со едното око“.

5-greshki-koi-starosvaticata-ne-smee-da-gi-pravi-na-svadba-kaj-prijatelkata-4.png

4. Да каже здравица поради која на невестата ќе ѝ биде непријатно

Шегувањето на сметка на невестата, или, пак, евоцирањето спомени кои ќе направат таа да се почувствува непријатно, се строго забранети во краткиот говор што старосватицата би го одржала во чест на младенците.

Притоа, за издвојување детали од љубовното минато на невестата, не треба ни да стане збор.

Нека здравицата биде изречена со стил и од срце.

5-greshki-koi-starosvaticata-ne-smee-da-gi-pravi-na-svadba-kaj-prijatelkata-5.jpg

5. Да биде во центар на вниманието

Венчавката не e организирана за старосватицата да си пронајде нов дечко, или, пак, да ја има најдобрата забава во животот, туку поради тоа што нејзината пријателка се мажи за човекот кој го љуби.

Таа никогаш не смее да се обидува да биде во центар на вниманието на денот на свадбата, ниту да ја преоптоварува невестата со своите очекувања како ќе си помине на венчавката.

Најважно е невестата и нејзиниот избраник да уживаат, а староватицата да биде среќна поради својата пријателка.

5-greshki-koi-starosvaticata-ne-smee-da-gi-pravi-na-svadba-kaj-prijatelkata-6.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луксузна ромска свадба одржана во Виена: Сватовите ја купија невестата за огромна сума пари Невестата била купена за неколку десетици илјади евра, а гостите не се штеделе н...
Необични свадбени и брачни обичаи од Србија: Сопругот се преправа дека е „бремен“, свекрвата танцува... Маж глуми трудница, свекрвата танцува на поткровјето... Ова се само дел од обича...
Датуми за венчавка кои се сметаат за среќни, според нумерологијата Според нумерологијата, датумот за венчавка кажува многу за тоа каков ќе биде бра...
5.000 гости, 10-дневна прослава: Како изгледа свадбата на синот на најбогатиот султан на светот? На главната забава биле поканети 5.000 гости, а со сите церемонии, свадбата ќе т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg