Пар не дозволи пожарот во Колорадо да им го загрози свадбениот ден (фото)


Пар не дозволи пожарот во Колорадо да им го загрози свадбениот ден (фото)

Кога има силна љубов и одлучност, ништо не е невозможно... Овој пар е доказ за тоа.

par-ne-dozvoli-pozarot-vo-kolorado-da-go-zagrozi-nivniot-svadben-den-foto-01.jpg

Пар од Колорадо се најде во ситуација кога нивниот свадбен ден можеше да биде загрозен од страшен пожар, но Мајкл и Сара Крејмер наместо да го одложат, одлучија да ја променат локацијата, да биде во еден семеен дом и да го спроведат.

На фотографиите од нивната свадба го има и огнот кој беснее во позадина и кој досега проголта 22.100 акри земја во Колорадо.

par-ne-dozvoli-pozarot-vo-kolorado-da-go-zagrozi-nivniot-svadben-den-foto-02.jpg

Парот и нивниот фотограф велат дека не сакаат да го стават огнот на пиедесталот, туку пожарникарите кои деноноќно работат за да го локализираат. Тие им се благодарни што се трудат да ги спасат нивните животи и животите на многу други луѓе од овој регион.

Мајкл и Сара порачаа дека сите се заедно во неволјата и мора едни на други да си даваат поддршка и сила.

https://www.instagram.com/p/Bj2gYOPBWhV/?utm_source=ig_embed

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ова се хит боите за свадбените прослави во есен 2017 Мистична венчавка со боите на бакарот и старото злато или пак романтична бајка с...
Просечна ирска свадба чини вртоглава сума пари Стандардот на живот во Ирска е многу повисок од нашиот, но оваа сума е навистина...
За фенси венчавка: 7 свадбени трендови кои ќе ja обележат 2018 година ... Масата со десерти, висечките цветни аранжмани, како и тортите во боја, претставу...