Непосакувани гости, фрлање пари за покани: Работи за кои паровите најмногу се каат по свадбата


Непосакувани гости, фрлање пари за покани: Работи за кои паровите најмногу се каат по свадбата

Свадбата важи за еден од најголемите и најважните денови кои младенците треба да го организираат совршено.

nepozhelni-gosti-frlanje-pari-za-pokani-raboti-za-koi-parovite-najmnogu-se-kaat-po-svadbata-01.jpg

Со месеци се организира еден ден – од венчаница и одело, до гости, покани, музика, простор и храна, организацијата не е воопшто лесна.

Се троши многу време, труд, но и пари, за кои многумина подоцна знаат и да зажалат ако не биле квалитетно потрошени.

Со цел да не направите грешка кога ќе го организирате вие тој ден, добро е да знаете какви се искуствата на оние кои поминале низ тоа.

Корисниците на Reddit споделуваат за кои работи најмногу жалат и се каат, а се поврзани со свадбата.

„Жалам што поканив луѓе кои не сакав да присуствуваат. Само залудно ви ги трошат парите, не сакате и немате потреба да се дружите со нив, а најчесто и не носат добар подарок.“

„Плаќањето за покани е моето најголемо каење за свадбата и чекањето повратни одговори. Во ова модерно време, може да направите онлајн покана или настан на кој луѓето ќе се пријавуваат.“

nepozhelni-gosti-frlanje-pari-za-pokani-raboti-za-koi-parovite-najmnogu-se-kaat-po-svadbata-02.jpg

„Не обрнавме доволно внимание на фотографот и го оставивме без надзор. Му дадовме листа од фотки кои сакаме да ги направи, а на крај тој заборави да ме слика мене, мојата сопруга и моите родители...“

„Потрошивме многу пари за фотографи и фотките се одлични. Тогаш мислевме дека не сакаме камерман, но сега жалиме што свадбата не ни е снимена.“

„На никој не му е гајле каква боја се салфетките. Беше моја свадба, па дури ни јас не памтам сега. Одберете било какви декорации и продолжете понатаму, не се нервирајте за ситници.“

„Јас и мојата сопруга потрошивме многу време одејќи од човек на човек и зборувајќи со гостите, за да се осигураме дека нема да пропуштиме некој и дека сите добро си поминуваат. На крај, сфативме дека сите биле весели и им било супер, а ние не моравме да трошиме толку време на угодување. Двајцата жалиме што не си дадовме време за себе да уживаме во прославата како што сакаме и со кој сакаме.“

nepozhelni-gosti-frlanje-pari-za-pokani-raboti-za-koi-parovite-najmnogu-se-kaat-po-svadbata-03.jpg

„Двајцата жалиме што не јадевме ништо цел ден и цела вечер. Тешко е да размислувате на храна, но најдете малку време, бидејќи кога стигнавме во соба вечерта бевме прегладнети и немавме што да јадеме.“

nepozhelni-gosti-frlanje-pari-za-pokani-raboti-za-koi-parovite-najmnogu-se-kaat-po-svadbata-04.jpg

„Жалам што им дозволив на моите идиоти пријатели да ме опијат вечерта пред свадбата. Мамурлакот си го направи своето и воопшто не уживав во свадбата.“

„Жалам што не направив точен распоред кој и што треба да прави, бидејќи тогаш сите се во паника и никој не знае што треба да направи.“

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Детали за свадбата кои никогаш не треба да ги споделите на социјални м... Славете ја љубовта, но не го споделувајте секој момент од организацијата и реали...
Мала или голема свадба - Како да одлучите што е подобро за вас? Еден од најчестите конфликти што парот ги има со своите семејства е дали свадбат...
Идеи за одлични свадбени фотки за кои не ви требаат многу пари За добра и оригинална фотка не секогаш се потребни многу пари и подготовки. Она ...