Невообичаени, а прекрасни алтернативи за свадбена декорација

Ништо не го одзема здивот како кога ќе видите фотографија на која има изобилство на свежо цвеќе во сиот свој раскош.

Nevoobichaeni a prekrasni alternativi za svadbena dekoracija 01

Но, и покрај тоа што бидермаерот од свежо цвеќе изгледа прекрасно на свадбените фотографии, тој може да биде скапа опција, а и животната средина плаќа цена за него. Да не споменуваме дека има многу краток животен век и може да го користите само еднаш.

За среќа, постојат неколку алтернативи за кои може да размислите, а изгледаат дури и подобро од класичниот бидермаер.

Вештачко цвеќе или цвеќе од хартија   

Денес, вештачкото цвеќе изгледа поубедливо од кога било. Тоа може да изгледа фантастично како букет или како ѕиден декор, а може да се изработи и цветен ѕид.

Иако можеби не сте размислиле, ова е одлична варијанта за невестите алергични на полен, па наместо во да држите бидермаер во едната рака а во другата шамивче на вашата свадба, одлучете се за нешто што нема да ви предизвика солзи.

Достапни се и цвеќиња од свила обложени со пчелин восок кои се безбедни за храна, па истите може да се користат како декорација за торти и колачи. Дополнително, има безброј туторијали на интернет за тоа како да изработите цвеќе од хартија.

Nevoobichaeni a prekrasni alternativi za svadbena dekoracija 02

Зеленило

Зеленилото обично е поевтино од цвеќињата, што значи дека невестите кои сакаат да заштедат денар повеќе треба да размислат за оваа опција. Евкалиптусот и папратот изгледаат неверојатно во бидермаер, венец за на маса, декорација за столчиња...

Додадете свеќи и просторот ќе стане стилска приказна што долго ќе се раскажува. Ако се сè уште  немате идеја каде се би го вклучиле зеленилото, би ви предложиле тоа да бидат китенки или централните букети на масите во ресторанот.

Nevoobichaeni a prekrasni alternativi za svadbena dekoracija 03

Овошје и зеленчук

Ова е тренд кој полека зема замав и станува популарен. Портокали, лимони, сливи, калинки, грозје, круши или дури и тикви - декорацијата ја препуштаме на вашата имагинација, а ако ви е потребна дополнителна инспирација не двоумете се да ја побарате на интернет.

Заедно со овошјето можете да вметнете помали, поевтини лисја и цвеќиња како лимонови лисја, маслинови лисја, каранфили, рози и лилјани. Кога станува збор за плодовите, тие нека бидат сезонски. Оние со поавантуристичен дух може да користат и зеленчук како зелка, моркови и артичоки.

Nevoobichaeni a prekrasni alternativi za svadbena dekoracija 04

Доколку не се пронајдовте во понудените алтернативи и се уште на прво место ви е бидермаерот и декорација од свежо цвеќе, не грижете се.

Не мора да потрошите куп пари за нешто што ќе го користите само еднаш - консултирајте се во цвеќарите низ градот и побарајте комбинација од поевтини алтернативи бидејќи ги има многу.

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Датуми за венчавка кои се сметаат за среќни, според нумерологијата Според нумерологијата, датумот за венчавка кажува многу за тоа каков ќе биде бра...
Кул идеја за свадбени декорации: Детали во впечатливи бои кои создаваат контраст (фото) Без разлика дали станува збор за шарени цветови, свеќи и чаши со впечатлива боја...
Немало луксуз и веселби со 500 гости - Како изгледале свадбите во Југославија? Свадбите во Југославија биле скромни, во кругот на семејството, без гламурозна о...
5.000 гости, 10-дневна прослава: Како изгледа свадбата на синот на најбогатиот султан на светот? На главната забава биле поканети 5.000 гости, а со сите церемонии, свадбата ќе т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg