Мала или голема свадба - Како да одлучите што е подобро за вас?
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Продавач 21-11-2019


Мала или голема свадба - Како да одлучите што е подобро за вас?

Еден од најчестите конфликти што парот ги има со своите семејства е дали свадбата да биде скромна или голема, модерна или традиционална и секако, бројот на гости.

mala-ili-golema-svadba-kako-da-odluchite-shto-e-podobro-za-vas-01.jpg

Ако сте едни од оние кои наскоро треба да организираат венчавка, а се двоумите околу тоа од каков тип да биде, многу веројатно треба да се одлучите за помала. Тоа ќе ви заштеди пари и стрес, особено поради тоа што нема да морате да се поздравувате и почитувате со луѓе кои практично првпат ги гледате.

Според едно истражување од 2017 година, оптимален вкупен број на гости на една свадба е 136. Иако во нашата традиција најчесто ги каниме сите, заедно со уште по некој, реалноста е дека не секој пар сака таква свеченост.

Често, помалите и поинтимни свадби се поинтересни и оставаат повеќе простор за интеракција меѓу младите и гостите.

mala-ili-golema-svadba-kako-da-odluchite-shto-e-podobro-za-vas-03.jpg

Ова се неколку причини зошто да се одлучите за помала свадба:

Имате ограничен буџет

Ова е прв знак дека сепак треба да бидете поскромни во плановите. Сигурно не би сакале да банкротирате само поради еден ден во кој треба да ги „угостите“ сите што ги знаете и што не ги знаете.

Имајте на ум дека покрај самата церемонија, трошок се и поканите, украсувањето, тортата...

Не сакате да бидете центар на внимание

Кога сте во поинтимна атмосфера ќе се чувствувате и попријатно. Во такви ситуации нема да има потреба да се фотографирате и да разговарате со колеги од претходното работно место на некој од вашите родители, во времето кога не сте биле ниту родени.

Малите церемонии се помалку стресни, а и полесно е да си поминете убаво кога знаете дека сте опкружени со луѓе кои ви се блиски.

mala-ili-golema-svadba-kako-da-odluchite-shto-e-podobro-za-vas-02.jpg

Веќе ја намалувате листата на гости

Имате големо семејство, а исто и вашиот партнер, а и се преиспитувате дали треба да ги поканите сите колеги и кој пријател нема потреба да се најде на вашата листа.

Ова е уште еден знак дека треба да се одлучите за помала веселба и да се договорите по колку членови од секое семејство ќе поканите и дали воопшто да викнете колеги од претходното работно место.

Сакате повеќе да комуницирате со гостите

Кога е голема свадбата, младите имаат време само по еднаш да се поздрават и со голем број гости воопшто да не се видат во текот на прославата. Доколку не сакате тоа да се случи, одлучете се сепак за помала церемонија.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Невестата го изгубила видот - гостите на свадбата ставиле превез на оч... Таа го изгубила видот на 27 години, а својот сакан го запознала подоцна и никога...
„Декорациите и бон тонот за свадби се една нова димензија“: Зошто одб... „Сите ги осудуваат невестите кои не се возбудени околу нивната свадба и планирањ...
„Сакаш да бидеш невеста?“ - свекрвата се обидела да ја засени невестат... Дали сте присуствувале на свадба каде некоја жена со долг бел фустан сака да ја ...