Свадбени трендови кои застареа оваа година
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Монтер 23-06-2019


Свадбени трендови кои застареа оваа година

Сезоната на свадби ќе започне многу брзо, а бракот е една од најважните одлуки што ќе ги донесете во животот. Токму затоа, вашата свадба треба да биде уникатна и незаборавна, но тоа нема никаква врска со гламурот и парите што ќе ги потрошите. 

svadbeni-trendovi-koi-zastarea-ovaa-godina-01.jpg

Љубовта помеѓу вас и вашиот иден/идна сопруг/а е тоа што треба да има централно место на ова случување – најважно е да го прославите вашето заедништво и да отпочнете ново поглавје во вашиот живот во ваш стил. Токму затоа, треба да се ослободите од детали и трендови што не се карактеристични за вас.

Еве на што треба да заборавите доколку планирате свадба оваа година:

Не се опседнувајте со детали

Воопшто не е важно што ќе каже третата братучетка на вашиот иден сопруг за тоа каков маникир имавте на свадбата. Уште помалку е важно дали некој ќе има коментар за бојата на салфетките.

Одберете го она што вам ви се допаѓа, тоа што вам ви прави да се чувствувате удобно затоа што на крајот на краиштата, за 20 години од сега, на фотографиите ќе ги гледате насмевките на вашите лица и ќе се сеќавате на чувството во градите додека го игравте првиот танц.

Svadbeni trendovi koi zastarea ovaa godina 02

Планирање во 5 до 12

Доколку, пак, сте од оние другите кои сакаат се да имаат под контрола, осигурајте се дека имате доволно време да испланирате се што е потребно. Иако ви се чини како датумот на свадбата да е одалечен цела вечност, како љубител на детали времето никогаш не ви е доволно.

Она што треба да го запаметите е дека денот на свадбата е ден во кој треба максимално да уживате, не да се оптоварувате со последните подготовки и да се преморите уште пред да стигнете во ресторанот.

Типична венчаница

Далеку зад нас се деновите кога имаште строго одредени правила за тоа како треба да изгледа една венчаница. Времето во кое живееме ни дозволува слободно да ја изразиме својата индивидуалност, својот вкус и својата личност.

Белата боја не ви се допаѓа? Нема проблем – невестинската мода е толку развиена и имате лесно достапни идеи насекаде, па може да одберете и пантолони наместо венчаница од чиј обрач нема да може да појдете во тоалет.

Svadbeni trendovi koi zastarea ovaa godina 03

Невестинска маса

Можеби е време да се збогуваме и со овој тренд. Невестинската маса создава чувство на неудобност и кај вас и кај гостите, небаре сте качени на трон до кој тешко се пристапува.

Најдете начин да се измешате со гостите, седете меѓу нив и уживајте со нив, затоа што овој ден е за да го споделите со најблиските.

Svadbeni trendovi koi zastarea ovaa godina 04 1

A. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Трендови кои ќе ги гледате на сите свадби во 2019-та Традиционалните свадби одамна останаа во минатото и многу парови сакаат да имаат...
Трендови за венчаници кои ќе бидат хит за свадбите во пролет 2019-та Многумина пролетта ја нарекуваат сезона на свадби, а на невестите кои ја планира...
Невестата го изгубила видот - гостите на свадбата ставиле превез на оч... Таа го изгубила видот на 27 години, а својот сакан го запознала подоцна и никога...