Невеста потрошила многу пари, па бара цвеќарот да ѝ работи гратис за свадбата
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Монтер 23-06-2019


Невеста потрошила многу пари, па бара цвеќарот да ѝ работи гратис за свадбата

„Потрошив многу пари за мојата свадба, ќе може ли ти да ми работиш гратис?“ - дрска невеста стана мета на критики.

nevesta-potroshila-mnogu-pari-pa-bara-cvekjarot-da-i-raboti-gratis-za-svadbata-01.jpg

Невеста стана хит на интернет, откако еден цвеќар го објави разговорот со неа.

Таа му пишала дека сака цветен аранжман од кај него за својата свадба, но откако тој ѝ ја пишал цената, се обидувала да го убеди да ѝ работи за без пари.

Невестата, која вели дека потрошила многу пари за свадбата, сакала трошокот за цвеќе да го сведе апсолутно на минимум. Наводно, цвеќарот ќе може да си направи добри фотографии од аранжманот на цвеќето на нејзината свадба и така да се рекламира.

nevesta-potroshila-mnogu-pari-pa-bara-cvekjarot-da-i-raboti-gratis-za-svadbata-02.jpg

Освен нешто ситно по набавна цена за цвеќето, таа не сакала да му плати ништо за работна рака, бидејќи ѝ било скапо, со оглед на тоа што сакала богато да декорира 18 маси.

Цвеќарот првично културно ѝ објаснил колку време ќе му одземе подготвувањето на аранжманите само за неа, а откако таа упорно барала да не ѝ ја наплати работната рака, бесен ја испратил да се обрати на друго место и ѝ понудил други цвеќари каде ќе може да ја спореди сцената.

Навистина огромна непочит кон него и неговата професија, зарем не?

Прочитајте ја нивната преписка:

nevesta-potroshila-mnogu-pari-pa-bara-cvekjarot-da-i-raboti-gratis-za-svadbata-03.jpg

nevesta-potroshila-mnogu-pari-pa-bara-cvekjarot-da-i-raboti-gratis-za-svadbata-04.jpg

nevesta-potroshila-mnogu-pari-pa-bara-cvekjarot-da-i-raboti-gratis-za-svadbata-05.jpg

nevesta-potroshila-mnogu-pari-pa-bara-cvekjarot-da-i-raboti-gratis-za-svadbata-06.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

15 работи кои секоја идна невеста треба да ги знае пред да купи венчан... Покрај целата организација, бирањето и купувањето венчаница е една од најважните...
Исповед: „Не ми кажувај дека треба да гладувам за да влезам во венчани... Еми Харисон отворено говори за сите предрасуди околу нејзината тежина со кои се ...
Идеи за одлични свадбени фотки за кои не ви требаат многу пари За добра и оригинална фотка не секогаш се потребни многу пари и подготовки. Она ...