Помалку кофеин, повеќе протеини – Како полесно да го издржите денот на свадбата?

Дојде и тој ден - денот кога ќе стапите во брак со мажот од вашите соништа, оној кој мислевте дека нема никогаш да се појави. 

pomalku-kofein-povekje-proteini-kako-polesno-da-go-izdrzhite-denot-na-svadbata-01.jpg

Сигурно се подготвувавте со денови и недели, но дали внимававте на тоа како да направите да се чувствувате одлично на овој ден?

Доколку сѐ уште имате „фора“ за подготовки, ова се совети од врвни нутриционисти за тоа како да се чувствувате беспрекорно на најважниот ден во вашиот живот.

Намалете со кофеинот

Ограничете го кафето на шолја до две. Кога нервите се напнати а адреналинот висок до плафон, доволно е една мала шолја кафе. Фокусирајте се на хидрирање со вода во текот на утрото додека се подготвувате.

pomalku-kofein-povekje-proteini-kako-polesno-da-go-izdrzhite-denot-na-svadbata-0.jpg-02.jpg

Пијте вода и лимон

Хидрирачки напиток богат со ензими. Додавањето краставица и/или лимон во вашата чаша вода ќе му помогне на телото да остане хидрирано и да поттикне мокрење за да се спречи задржувањето на водата, со што ќе спречите појава на отоци.

Избегнувајте храна што може да ве надуе

Сирење, глутен и било какви јаглехидрати се забранети десет дена пред вашата свадба. За појадок на големиот ден, одберете смуди од протеини, масти и растителни влакна за да се балансира шеќерот во крвта.

Додадете чиа семе или лен и загарантирано ќе успеете да влезете во вашата венчаница.

Не заборавајте да јадете

Многу често се случува во сета таа збрка да заборавите да јадете. Но, тоа не значи во првиот слободен момент да ја нападнете чинијата со колачиња - потребна ви е вистинска храна.

Малку омега-3 масни киселини и протеини ноќта пред да пиете алкохол е добар начин да избегнете блам поради еден испиен коктел.

Јадете мрсна риба како лосос и зеленчук што лесно се вари, на пример спанаќ, со ½ авокадо и сок од лимон како сос.

Оброкот полн протеини и масти ќе го одржи нивото на шеќерот во крвта и ќе ви помогне да го спречите мамурлакот.

pomalku-kofein-povekje-proteini-kako-polesno-da-go-izdrzhite-denot-na-svadbata-0.jpg

А. Ш.  | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Водич за идни невести: Сè што ви е потребно за да организирате свадба за 1 месец Време е за вашата свадба од соништата? Но, дали ќе стигнам да подготвам се за ед...
Датуми за венчавка кои се сметаат за среќни, според нумерологијата Според нумерологијата, датумот за венчавка кажува многу за тоа каков ќе биде бра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg