„Облачиња“ од цвеќе: Најпопуларниот свадбен тренд за оваа сезона

Од сите свадбени трендови за 2019-та година, тронот им припаѓа на цветните аранжмани. Иако, се разбира, доста популарни се и венчаниците, изгледа дека повеќето модерни несвести најмногу внимание им обрнуваат на цветовите.

oblachinja-od-cvekje-najpopularniot-svadben-trend-za-ovaa-sezona-001.jpg

Еден од трендовите што значително се истакна оваа сезона се таканаречените „облачиња“ од цвеќе. 

Oвие „летачки“ цветни аранжмани ќе бидат вистинско освежување за вашата церемонија. Овие украси го менуваат начинот на којшто ги користиме цветовите, а без сомнение изгледаат волшебно.

„Облачињата“ можете да ги поставите на лустерите, да ги направите во форма на завеса, да ги поставите над масите... На можностите им нема крај.

Доколку се одлучите за ваква декорација за вашата венчавка, добро е да земете неколку нешта предвид.

Најпрво, важно е да знаете дека овие декорации не се погодни за секаков простор. Најдобро одговараат во простории со високи тавани каде што можете безбедно да ги закачите.

Покрај тоа, некои аранжмани бараат употреба на повеќе цветови, со што целата декорација би била поскапа.

За да ја намалите цената на аранжманот, можете да ја дополните декорацијата со други елементи како вештачки цветови, балони, дрво, пердуви и слично.

Овие декорации се одлични доколу на располагање имате помали маси, бидејќи можете да ги закачите над масата.

И, за крај, бидејќи безбедноста е најважна, најдобро е да му ја препуштите работата на професионалец.

За разлика од обичните цветни аранжмани, овие бараат повеќе работа и се покомплексни за изработка. Истовремено, важно е да бидат цврсто прикачени и да ја издржат целата церемонија.

Во продолжение, погледнете неколку идеи за вакви декорации:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кул идеја за свадбени декорации: Детали во впечатливи бои кои создаваат контраст (фото) Без разлика дали станува збор за шарени цветови, свеќи и чаши со впечатлива боја...
Водич за идни невести: Сè што ви е потребно за да организирате свадба за 1 месец Време е за вашата свадба од соништата? Но, дали ќе стигнам да подготвам се за ед...
Датуми за венчавка кои се сметаат за среќни, според нумерологијата Според нумерологијата, датумот за венчавка кажува многу за тоа каков ќе биде бра...
5.000 гости, 10-дневна прослава: Како изгледа свадбата на синот на најбогатиот султан на светот? На главната забава биле поканети 5.000 гости, а со сите церемонии, свадбата ќе т...
10 модели на венчаници кои ќе бидат хит во 2024 година Шарени цветови, впечатливи деколтеа, одвоени ракави … погледнете ги овие доминан...
Необични свадбени и брачни обичаи од Србија: Сопругот се преправа дека е „бремен“, свекрвата танцува... Маж глуми трудница, свекрвата танцува на поткровјето... Ова се само дел од обича...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg