„Прстенот ѝ е како играчка и Барби огледалце“ – Зошто луѓето ја уништуваат туѓата среќа?
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Фризеркa 28-05-2020


„Прстенот ѝ е како играчка и Барби огледалце“ – Зошто луѓето ја уништуваат туѓата среќа?

Блогерка за патување се пофали со вереничкиот прстен, а група исмејувачи ја искритикуваа дека ѝ бил лажен, личел на играчка и на Барби огледалце – до кога луѓето ќе ги живеат туѓите животи?

prstenot-i-e-kako-igrachka-i-barbi-ogledalce-zoshto-lugjeto-ja-unishtuvaat-tugjata-srekja-01.jpg

На социјалните мрежи постојат многу групи наменети токму за коментирање и критикување сè што е поврзано со свадби, запросувања и веренички прстени, па може да се заклучи дека луѓето претерано се оптоварени со туѓите животи.

Блогерката за патување, Laura G, била запросена пред Ајфеловата кула додека биле на патување во Париз, а за големиот дијамантски прстен доби тон критики.

View this post on Instagram

We’re Engaged 💍

A post shared by @ laurag_143 on

Покрај оние кои ја преплавија со честитки, се најдоа оние кои ги нарекуваат „исмејувачи на прстени“.

„Ова е најгрдото нешто што сум го видела/ја обожавам ама прстенов е ужасен/личи на играчка/како прстен што се добива во играчки е/личи на огледалце на Барби“ – ова се дел од коментарите кои ѝ ги упатиле голем број луѓе.

Додека таа сакала да ја покаже нејзината радост и среќа, група на луѓе решиле дека треба да „ѝ застанат на глава“ и да ѝ го уништат моментот – до кога ќе се случува ова?

Сепак, очигледно таа не се грижи за критиките на луѓето кои веројатно немаат што да прават со својот живот, па продолжува да објавува фотки со нејзиниот сакан.

Дел од најубавите фотки на блогерката:

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Инспирација „Есенска свадба“ – идеи како да се подготвите за најубавиот ден во животот (фото) Има нешто магично во есенските свадби, што дури и дождот не може да го расипе це...
6 ситуации со кои ќе се соочите за време на подготовките за свадба Колку и да сте опуштена личност, постојат некои ситуации кои можат да го извадат...
Зошто невестата го фрла букетот на крајот од церемонијата? Една од традициите за време на венчавките е на крајот, после церемонијата и прие...

Спонзорирани линкови: