Невеста во црно, темни декорации – инспирација за сите кои не сакаат клише бела свадба (фото)

Графичка дизајнерка ги инспирира сите кои не сакаат бели свадби – облечена е во црна венчаница, а декорациите на маса и цветните аранжмани се со темни бои – би се осудиле ли на вакво нешто?

nevesta-vo-crno-temni-dekoracii-i-cvetovi-inspiracija-za-site-koi-ne-sakaat-klishe-bela-svadba-foto-01.jpg

Кога ќе се спомне свадба, сите помислуваат на бела венчаница и декорации во светли, неутрални бои.

Но, модерните парови, не сакаат да се држат до клише традициите, па наместо цела свадба да ја обојат во бело, прават храбри избори и се одлучуваат за темни бои.

Лидија Панг е графичка дизајнерка, исто како и нејзиниот сопруг, Ру Вилијамс, а се запознале пред 12 години на Myspace.

Пред неколку месеци тие направиле интимна свадбена церемонија во Велс, на ливада, украсена со темни цветни аранжмани и декорации, а фотографиите беа објавени пред неколку дена.

Невестата изгледа необично, но сепак елегантно во црна венчаница, комбинирана со црни чизми и едноставна шминка и фризура. По церемонијата, парот си направил тетоважи со нивните иницијали.

Иако многумина не би го „одобриле“ ова, сепак парот за многумина е инспирација:

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Водич за идни невести: Сè што ви е потребно за да организирате свадба за 1 месец Време е за вашата свадба од соништата? Но, дали ќе стигнам да подготвам се за ед...
35 фризури за свадба за невести кои немаат идеја (фото) Фризурата за свадба е од големо значење за секоја невеста – како се замислувате ...
Кул идеја за свадбени декорации: Детали во впечатливи бои кои создаваат контраст (фото) Без разлика дали станува збор за шарени цветови, свеќи и чаши со впечатлива боја...
Девојка ја прекроила венчаницата која на свадба ја носеле мајка ѝ и баба ѝ - ја расплака баба си (ви... Баба ѝ и мајка ѝ го носеле овој фустан на нивната свадба, а Британи сега го носи...
Луксузна ромска свадба одржана во Виена: Сватовите ја купија невестата за огромна сума пари Невестата била купена за неколку десетици илјади евра, а гостите не се штеделе н...
5.000 гости, 10-дневна прослава: Како изгледа свадбата на синот на најбогатиот султан на светот? На главната забава биле поканети 5.000 гости, а со сите церемонии, свадбата ќе т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg