Пеце Суперхикс: Тој Суперхикс од 1994-та и овој од 2017-та немаат врска еден со друг

Кога ќе напишете на интернет пребарувачите Петар Младеновски тогаш ќе Ви се појави фотографија од единствениот Пеце од Суперхикс. Токму со него си помуабетивме за целата приказна на Суперхикс.

pece-superhiks-toj-superhiks-od-1994-ta-i-ovoj-od-2017-ta-nemaat-vrska-eden-so-drug-29.jpg

Какви се доживувањата на бендот кој постои од 1994-та година, колку членови се променија, каде се денес Суперхикс и што е следно што можеме да очекуваме од нив? За ова и многу повеќе ни раскажа Пеце.

Кој е Пеце кога не се Суперхикс на сцена каде може да го сретнеме?

Искрено во последно време не сум застанал. Секој ден сум на радио, се движам низ град, можете да ме видите претежно низ централното градско подрачје. Активен сум, имам и две деца па тоа ме прави и доста мобилен, може да ме сретнете во игротеки, во дебармаалски кафанчиња со сопругата и со друштво, во Капиштец во локали, значи навистина сум присутен секаде.

Кога ќе направиш паралела од почетокот до сега, што сè се смени?

Уф, прво морам да кажам дека Суперхикс ми е нели матичен бенд, ние почнавме од 1994 година, е сега, магијата, духот на овој град, урбаните моменти, тоа некако ми е исчезнато во градов од тогаш до сега. Некако ми недостасува целата таа урбаност, како полека да исчезнува.

pece-superhiks-toj-superhiks-od-1994-ta-i-ovoj-od-2017-ta-nemaat-vrska-eden-so-drug-13.jpg

Имаше ли моменти кога мислеше: Тоа е тоа, се откажувам, од утре барам нова работа?

Сум помислил многу пати и многу брзо сум се откажал. Она што ме држи е енергијата, динамичноста, комуникацијата со луѓе. Ова воопшто не е едноставно, ние сме како фирма, само што немам нели такви придонеси, работно време итн. Нас нè држи другарството, енергијата и тоа што сакаме да правиме музика.

Албумот од 2008-ма “И сега што” е сниман во Хрватска, која е приказната тука?

Овој албум беше симболичен, пресрвртен момент кога требаше да влеземе во ЕУ и нели не влеговме, по мое видување од тогаш почна да се движи во лоша насока целата ситуација тука. И тогаш испадна дека моето прашање “И сега што” што е всушност и насловот, е комплетно на место.

pece-superhiks-toj-superhiks-od-1994-ta-i-ovoj-od-2017-ta-nemaat-vrska-eden-so-drug-22.jpg

Ја споменавме Хрватска, се исплати ли снимањето во странство?

Тоа е продукциски и студиски најдобриот албум на Суперхикс, по мене а и по многу други луѓе, а морам да признаам и најскапо платениот албум. Во Загреб се задржавме еден месец, а целиот мастеринг беше во Америка направен. Тој албум беше дистрибуиран во 15-20.000 примероци, нешто што би сакале и денес да го имаме, а за жал го немаме, се променија времињата.

Би го направиле ли сега истото, се појавила ли шанса?

Искрено, пред сè финансиите се проблем. Во денешно време спонзорите се на стенд бај, се надевам дека наскоро сè ќе се промени и ќе биде подобро. Но, тоа не значи дека Мите Димовски од студио Тралала не си заврши одлична работа на нашиот последен албум и дека не е исто така добар како и тој во Хрватска.

Што е тоа што ќе го паметиш до ден денес, нешто што се случило на сцена, нешто кое ќе го раскажуваш?

Како моментот кога ќе нè удреше струја во Велес? Ни врнеше без прекин во 2001-ва година, толку беше сè водено и мокро што се молевме само да не нè удри струја на сцена кога имавме концерт. Инаку, имаме и други ситуации, како на пример во Славонска Пожега имаме клубски концерт и тргнуваме со комбето и од кровот на комбето ни паѓа човек за кој што не сме знаеле дека е на покрив. Ние го спасуваме, го враќаме во живот, човекот стана и почна да нè брка мислејќи дека сме го  нападнале. Моменти кога ни се губеле членови, па сме ги барале по 24 часа и сме ги наоѓале на другиот дел од градот на некоја журка. Има, навистина има многу моменти.

pece-superhiks-toj-superhiks-od-1994-ta-i-ovoj-od-2017-ta-nemaat-vrska-eden-so-drug-28.jpg

Го наполнивте саем во 2004-та, какво е чувството?

Па не само таа година, мора да потенцираме дека тогаш беше 5-тата хала, тогаш имаше 3.000 луѓе. 2012-та имавме уште подобар концерт, го наполнивме саем и тоа првата хала. Има една снимка која мене ми е многу драга каде може да се види сето тоа, таму имавме добри 5-6.000 луѓе.

Ајде мала паралела, Дубиоза Колектив и Суперхикс?

Ние почнавме 10 години пред Дубиоза Колектив, тие ни се драги пријатели и имаме заедничка песна. Имаме поголем стаж, ама морам да признаам во однос на начинот на кој работат тие и колку се трудат, дефинитивно поминаа пред нас.

Токму тоа сакав да те прашам, каде сте сега Вие, а каде Дубиоза?

Прво сами сме си виновни, не сме работеле доволно, а второ е тоа што тие пејат на босански или српско хрватски јазик и тоа ги прави подостапни на масата на поранешна Југославија, токму тоа нам ни е проблем сите овие години. На сите сме им забавни, ама не нè разбираат што им пееме. Трето, се посветија на албуми и на материјал на англиски јазик, нешто што ние требаше оддамна да направиме, ама не го направивме. И допреа и до публика која не е само од поранешните балкански простори, туку сега почнаа да достигнуваат и до публика од Скандинавија, Англија итн.

pece-superhiks-toj-superhiks-od-1994-ta-i-ovoj-od-2017-ta-nemaat-vrska-eden-so-drug-40.jpg

Многу членови се сменија, од првата постава, колку менува тоа?

Тој Суперхикс од 1994-та и овој од 2017-та немаат врска еден со друг. Како бенд  и како концепт имаме поминато 10-ина членови, стилски сме промениле многу работи и веројатно тоа е еволутивен пат на еден бенд за кој сметам дека така треба да биде.

Каде ги гледаш Суперхикс за една година?

Да сме живи и здрави, тоа е најважно, веќе почнуваме да ситниме 50-ка хаха, има кај нас некои што имаат по 40 од бендов. Имаме друга половина од бендов кои се млади, тие ја даваат енергијата, ние даваме идеи, искуство и мислам дека многу скоро Суперхикс ќе почнат со правење на нов материјал бидејќи од овој ни е преку глава иако албумот само што излезе. Хаха, па да сме живи и здрави.

pece-superhiks-toj-superhiks-od-1994-ta-i-ovoj-od-2017-ta-nemaat-vrska-eden-so-drug-58.jpg

Автор: Сања Стојковска
Фото: Костадин Калошев
(c) CRNOBELO.com

Би можело да ве интересира:

Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Виктор Апостоловски по свадбата и медениот месец на Лефкада: „Најмагично ми беше кога ја видов Милен... „Размислував дали да носам капче на свадбата и кога прашав почнаа повозрасните: ...
Михаил Корубин: „Моите ми направија прва ‘изложба’ дома на 6-7 години, израснав во ателјеата на татк... „Паметам на 6-7 години моите ми ја направија првата „изложба“ во нашата куќа, ја...
Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg