Од поинаков агол со Ања Ветерова: „Тоа што е твое, никој не може да ти го земе“


Од поинаков агол со Ања Ветерова: „Тоа што е твое, никој не може да ти го земе“

Пејачката Ања Ветерова советува критериумите секогаш да ви бидат на високо ниво и да не заборавате да ја носите вашата невидлива круна.

od-poinakov-agol-so-anja-veterova-bori-se-i-nikogash-ne-se-otkazuvaj-od-svoite-sonishta-01.jpg

Ја запознавме како мало слатко девојче, кое нè претставуваше на „Детската Евровизија“ во 2010 година, а сега со модерниот звук што го презентира на македонската сцена, како и со смелите стајлинзи од типот на Ријана и Бијонсе, Ања Ветерова внесува вистинска свежина на македонското естрадно небо.

Таа неодамна на фестивалот МАРС се закити со награда за песната „Рамбамбам“, нејзиниот прв проект со една од најголемите музички продукции во Југоисточна Европа, „Ај Ди Џи Ворлд“.

Ања за себе знае самоуверено да каже: „Се појавувам, доминирам и заминувам“.

od-poinakov-agol-so-anja-veterova-bori-se-i-nikogash-ne-se-otkazuvaj-od-svoite-sonishta-02.jpg

Во моментот 18-годишната пејачка е ангажирана повеќе околу училиштето и апликациите за факултет. Исто така, открива дека се подготвува да полага за возачка дозвола.

На музички план најавува нова песна, која најверојатно ќе излезе на почетокот од следната година.

od-poinakov-agol-so-anja-veterova-bori-se-i-nikogash-ne-se-otkazuvaj-od-svoite-sonishta-03.jpg

Во разговор за CrnoBelo, Ања открива кој е најдобриот совет што го добила во животот и кои се делата што најмногу ја инспирирале досега:

Кое е твоето животно мото и советот кој би си го дала на помладата верзија од себеси?

Моето животно мото е „Тоа што Ања сака, Ања го добива“ или „What Anja wants, Anja gets“,  а на помладата Ања би и советувала да сонува, да се труди, да си ги оствари своите соништа со посветеност и работа, да биде борбена и никогаш да не се откажува од нив.

od-poinakov-agol-so-anja-veterova-bori-se-i-nikogash-ne-se-otkazuvaj-od-svoite-sonishta-08.jpg

Кој е најдобриот совет што си го добила во животот и од кого?

„Тоа што е твое, никој не може да ти го земе“, е еден од моите омилени совети што ги имам добиено од мајка ми и редовно се потсетувам на него.

od-poinakov-agol-so-anja-veterova-bori-se-i-nikogash-ne-se-otkazuvaj-od-svoite-sonishta-04.jpg

Најинспиративен филм /книга...

Книгата „Трофеј“ од Весна Петрушевска е прекрасна. Оваа успешна жена, мајка, борец и покрај тешкиот живот никогаш не се откажува од целта.

„Трофеј“ е книга која ја прочитав во еден здив.

od-poinakov-agol-so-anja-veterova-bori-se-i-nikogash-ne-se-otkazuvaj-od-svoite-sonishta-06.jpg

Исто така, многу инспиративен ми е документарецот на Бијонсе „Life is but a dream“, во кој е прикажен е нејзиниот приватен и јавен живот и предизвиците со кои таа се соочувала.

od-poinakov-agol-so-anja-veterova-bori-se-i-nikogash-ne-se-otkazuvaj-od-svoite-sonishta-05.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Виктор Мазнев, велешанецот со срце планина: „Имам спасено стотици безд... „Срцето на човекот можеме да го процениме според тоа како ги третира животните“,...
Приказната на струмичанецот Блаже Аризанов: „Индија не ме промени, тук... Блаже Аризанов е Македонец од струмичко село, кој во 2011 година заминал на...
Владимир Чурлиновски: „Кутија цигари во Виетнам е 25 денари, резерваци... Овој Македонец вели дека во Катар те почитуваат како работник, а во Тајланд луѓе...

Најчитани неделава