Ивана Горичан: Боенката за возрасни Euphorbia ќе ве одведе на поубави и посреќни места


Ивана Горичан: Боенката за возрасни Euphorbia ќе ве одведе на поубави и посреќни места

Кога ќе се спомене боенка за возрасни сите прво помислуваме на Ивана Горичан и нејзината Боенка за креативен ден.

ivana gorican boenkata za vozrasni euphorbia ke ve odvede na poubavi i posrecni mesta 2

Охриѓанката, која живее во Скопје моментално ги завршува своите студии на Факултет за ликовни уметности, отсек графика и за себе вели дека и кога има слободно време и кога е зафатена таа црта. Нејзиниот Инстаграм профил, потпишан како @ivanagorican е виртуелен простор каде ги споделува своите уметнички остварувања.

„По Боенка за креативен ден и Мала боенка за големи креативци планирав да продолжам со правење на боенки, но можеби поминаа скоро две години, а јас сè уште немав добра идеја. Еднаш нацртав цртеж со цвеќе и инсекти, кој е дел од новата боенка, и си помислив, па ако нацртам уште многу вакви ете ми боенка“, раскажува Ивана Горичан.

„Сите илустрации се цртани рачно, што ја прави посебна. Исто така е печатена еднострано на дебела хартија, (скоро секој медиум е изведлив, од дрвени боички, фломастери до акварел) и листовите се перфорирани за потоа да можат готовите дела да се врамат. На секоја страна под секоја илустрација има називи на различни цвеќа на латински јазик, исто како и насловот Euphorbia“.

Нејзиното првенче Боенка за креативен ден се има продадено во речиси 4.000 примероци, иако Ивана сè уште е зачудена од успехот, сепак уште пред да ја објави си поставила високи цели.

Со Euphorbia не очекува ништо помалку, освен тоа што е со осмислена тема, новата боенка има и други предности во поглед на техничкиот дел.

ivana gorican boenkata za vozrasni euphorbia ke ve odvede na poubavi i posrecni mesta 3

„Од лично искуство можам да кажам дека боењето смирува, опушта, го носи умот на поубави, посреќни места“, споделува Ивана Горичан.

„Првпат седнав да избојам нешто дури сега од најновата боенка и навистина го почувствував тоа. Сакаш само да боиш бидејќи навистина создава некое магично чувство на самозадоволство и исполнетост. Порано си викав јас цртам нема што да бојам, но сега едвај чекам ептен да немам што да цртам за да седнам и да бојам. Боењето помага при стрес и е забавна занимација луѓето тоа да го прават и со сопствените деца“.

ivana gorican boenkata za vozrasni euphorbia ke ve odvede na poubavi i posrecni mesta 4

Откако заврши со боенката, приоритет на Ивана Горичан ѝ е да дипломира и да заврши уште неколку големи графики. Паралелно илустрира и некои други проекти од сличен карактер на боенката, кои планира да ги открие за неколку месеци.

И секако, тука спаѓаат и колажите од банкноти на кои секогаш посветено работи за да на крај направи една голема изложба на таа тема.

ivana gorican boenkata za vozrasni euphorbia ke ve odvede na poubavi i posrecni mesta 5

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Симона Димковска: „Работам на монодрама посветена на депресијата“ Од реакциите на публиката, кои можев да ги посведочам на премиерите, видов дека ...
Васил Шемкоски: Извадете ги боичките и дајте му свои бои на нашето ста... Ако сакате да го разубавите Скопје или да го доживеете на еден поразличен начин,...
Симона Поповска: „Не прави им го на другите тоа што не сакаш тебе да т... „Потребно ни е повеќе добрина, повеќе емпатија, повеќе радост, повеќе смеа“, пор...