Фотографката Марјана Павличек: „Секое женско тело е убаво на свој начин“


Фотографката Марјана Павличек: „Секое женско тело е убаво на свој начин“

„Според мене дефиниција за женска убавина е онаа која ние самите ја чувствуваме и доживуваме. Поимот убавина е симбол на морално и духовно совршенство“, изјавува фотографот Марјана Павличек.

 marjana pavlichek sekoe zensko telo e ubavo na svoj nacin 1

Во 2011 година, откако присуствувавте на курс за фотографија во Фото Кино клуб „Козјак“ во Куманово, сфативте дека фотографирањето е нешто што посебно ве исполнува. Од тој момент решивте секоја минута од слободното време да го искористувате за себенадоградување. Низ какви периоди поминавте за да го дефинирате стилот на фотографирањето? 

Откако завршив курс за фотографирање станав член на ФКК Козјак, и оттука започна моето надоградување и усовршување во сфера на фотографијата. Од година во година фотографирав разни теми од портрети, пејзажи, улична фотографија, па сѐ до женски акти.

marjana pavlichek sekoe zensko telo e ubavo na svoj nacin 2

После сите временски периоди на дефинирање, сфативте дека акт фотографијата е она што најмногу ви лежи. Што за тебе претставува овој вид на фотографија?

Акт фотографија претставува голо женско или машко тело. Всушност претставување на нешто што е сокриено од јавноста, нешто што е сензуално и провокативно за самите гледачи и онаа што не е секојдневно.

marjana pavlichek sekoe zensko telo e ubavo na svoj nacin 5

Генерално гледано, акт фотографијата во Македонија е прилично слабо застапена. На каков прием наидува од страна на гледачите, а уште поважно, колку е тешко или лесно да се најде модел за таков вид на фотосесија?

На изложбите на фотографија гледачите секогаш застануваат пред фотографии од таа тема и се задржуваат извесно време, тоа ни кажува дека луѓето сакаат да видат нешто ново и несекојдневно како што е акт фотографијата. Поголема предност за наоѓање модел имаат жените фотографи бидејќи женските модели се порелаксирани пред нив отколку пред машките фотографи.

marjana pavlichek sekoe zensko telo e ubavo na svoj nacin 7

Кои се пресудните критериуми за да избереш некое женско тело како модел за акт фотографија?

Не постојат пресудни критериуми, секое женско тело е убаво на свој начин. Женската физичка убавина е секаде различна зависно од географските подрачја и временски периоди. Според мене дефиниција за женска убавина е онаа која ние самите ја чувствуваме и доживуваме. Поимот убавина е симбол на морално и духовно совршенство.

marjana pavlichek sekoe zensko telo e ubavo na svoj nacin 8

Она што можев да го забележам од твоите дела е дека сакаш на симболичен и експериментален начин да ги продлабочуваш замрзнатите моменти, кои проблематики најмногу сакаш да ги прикажеш?

Моите акт фотографии не се класични акт фотографии, актот го претставувам на покреативен начин, шарам по телото, прикажувам разни геометриски форми,  ги прикажувам минималистичките делови кои никој не ги забележува и слично. Секогаш гледам  мојата акт фотографија да биде привлечна за гледачите кои ќе се задржат на истата и ќе ја развијат својата фантазија.

marjana pavlichek sekoe zensko telo e ubavo na svoj nacin 4

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Натали Башоски со фотографии го освојува светот: „Досега, не ме фатила... Млада, забавна, талентирана, секогаш интересен соговорник кој на еден феноменале...
Отворено со нутриционистот Билјана Ристеска: Од трендови во исхрана ка... „Загрижува фактот што денешната младина има сè на дофат на рака и сакаат да изгл...
Сите ние имаме место во овој свет - Пронајди го своето со музиката на ... Да ве прашам нешто, имате слушнато за Khara? Да ве прашам нешто, имате слуш...