Леонардо Хусеини: Добро е да бидеш на врвот, но врвот многу често е осамен

„Кога стоиш како лидер и водилка на многу млади, најчесто ти си оној кој треба да ги води луѓето кон верба во сонот и во својата визија. Многу често ќе бидеш и неразбран, а и луѓето не секогаш ќе успеат да видат од твоја перспектива каде целиш. Затоа и си сам“, изјавува Леонардо Хусеини (23), танчар и кореограф во групата Битрикс.

 leonardo huseini dobro e da bidesh na vrvot no vrvot mnogu cesto e osamen 1

Да го стартуваме разговорот со едно ретроспективно навраќање на твоите почетоци. Од времето кога за прв пат ја препозна желбата и мотивацијата да станеш танчар, гледано од сегашна перспектива каква кројаница на спомени е сочувана во твоето сеќавање?

Од кога знам за себе бев опкружен со танц, ги памтам моите први родендени, како мојот татко се натпреварува со моите браќа, мајка ми беше судија, а јас ги повторував нивните движења сѐ до моментот кога и јас можев да си смислам свои.

Така и почнав, но танцував само на прослави бидејќи само тогаш паѓаше „денс оф". Стандард јас и браќата мои против учителот и учителот победуваше секој пат, односно мотивираше секогаш.

И така прослава по прослава се „усовршував", но никогаш не си помислив да почнам посериозно да танцувам. Бев фудбалер и сѐ уште сум во душава, тоа беше мојот сон додека не отидов на спортска медицина и ми ставија печат „недоволен за тренинг и натпревари" поради голем степен на шум на срце.

Немав друг избор и се откажав од фудбалот. Но бидејќи бев и сѐ уште сум „пргаво дете" морав да си најдам друго хоби.

Седев и гејмав и ми стига порака на Фејсбук од еден познаник со текст: "Брат слушнав дека денсаш, јас сум заинтересиран исто, па дали сакаш да пробаме тренинг во денс студио“.

Му одговорив на пораката "Брат зошто да не" и од тогаш станавме другари со Бени.

leonardo huseini dobro e da bidesh na vrvot no vrvot mnogu cesto e osamen 2

И како помина првиот час во студио за танцување?

Имав 17 години, бев срамежлив и сите што тренираа беа само женски. Првите два тренинга не можев да се отсрамам и да почнам да учам.

Но некако работите тргнаа и како што растев така станував подобар танчар, почнав да го отсликувам мојот живот преку танцот и тука сфатив дека танцот е нешто кое дефинитивно ме исполнува.

Мојот прв настап во живо се случи на Златна Бубамара во 2012 година. Оттогаш мојата кројаница на спомени бележи безброј прекрасни моменти, од кои најмногу ќе ги паметам патувањата низ светов, стекнатите пријателства, мојот тогашен тим и освоените натпревари.

Секоја одлука во животот е пропратена со предизвици, да не беа тие секој би останал на едно ниво на стагнација и напредокот би се изоставил од видокруг. На какви сѐ ситуации, од оние поучните, наиде во изминатите години? И дали некогаш се имаш најдено во ситуација да се откажеш од сите соништа и смислата на  животот да ја бараш на друго место?

Во мојот свет на танцот, како и во сечиј претпоставувам, постојано сме подложни на промени, подеми и падови кои континуирано ја менуваат и оформуваат нашата личност.

Од секојдневните ситуации сум извлекол многу поуки и сите тие влијаеле на тоа да пораснам како личност и да се менувам како човек.

Оние поуки кои би ги издвоил како „хајлајтс" се: вербата во себе е клучна за успех; егоизмот е најголемото зло на денешницата; не можеш да ја форсираш креативноста и таа многу често доаѓа од луѓето околу тебе; јас сум она што сум затоа што луѓето околу мене се она што се.

Кога се бавиш со дисциплина како танцот постојано си во искушение да се откажеш. Некој ќе рече дека добро е да бидеш на врвот, но врвот е многу често осамен.

Ова го кажувам од аспект на тоа дека кога стоиш како лидер и водилка на многу млади, најчесто ти си оној кој треба да ги води луѓето кон верба во сонот и во својата визија.

Многу често ќе бидеш и неразбран, а и луѓето не секогаш ќе успеат да видат од твоја перспектива каде целиш. Затоа и си сам.

Потребни се самодисциплина, голема верба, план и акција за остварување на соништата, а секако ништо од тоа не би го имало без голема љубов и желба кон она што го правиш.

Условите кај нас се на многу ниско ниво, иако постојано се трудиме и работиме на тоа да ги подобриме нештата. Затоа, секако дека сум помислувал да одберам некој друг пат, кој можеби е помалку трнлив, но не можеш да направиш големи нешта ако не си спремен да се жртвуваш.

leonardo huseini dobro e da bidesh na vrvot no vrvot mnogu cesto e osamen 5

Благодарение на твоето раскажување, успеавме да се доближиме до сегашноста. Колку твоето танчарско искуство ти помогна да го спознаеш сопственото тело и да воспоставите една меѓусебна согласност за да го ослободиш максимумот од себе?

За мене танцот е поим за слобода, бидејќи само кога танцувам не чувствувам никакви ограничувања. Во тие моменти сѐ е сведено на чувство, па така мозочните бариери не можат да ти наметнат никакви општествени стеги.

Сѐ се случува премногу брзо за да имаш време да мислиш, а понекогаш токму мислите се оние кои не ограничуваат. Од друга страна пак, општо е познато дека физичката активност позитивно влијае на психолошкиот спокој, па така и танцот е лек за сите проблеми и еден издувен вентил од понекогаш стресното секојдневие.

Накратко, ослободувањето на умот и телото преку танцот е она што ми помага да се одржам во живот и тој е причината да бидам способен секогаш да бидам подобра верзија од себе.

leonardo huseini dobro e da bidesh na vrvot no vrvot mnogu cesto e osamen 3

Како еден од главните кореографи во Битрикс заедно со Ивана Балабанова, може да забележиме дека вашата група постојано е вклучена во различни проекти. Кажи ни нешто повеќе за моменталните ангажмани кои ќе се одвиваат во следниот период?

За Битрикс повеќе нема пауза. Како и секоја година и оваа работиме на безброј проекти насочени за различни групи од студиото, меѓу кои се: неколку видео-записи, неколку перформанси за разни случувања, организација на Скопје Стрит Фестивал и следната Битрикс Танцова Лига, подготовка на децата за натпревари и подготовка на наредната танцова претстава.

 

Многу училишта за танцување зборуваат за важноста на танцови камповите, која е целта на нив, имајќи во предвид дека се организираат насекаде низ светот?

За жал, кај нас недоволно ја вреднуваат важноста на дообразбата во танцот, но ние се трудиме да им ја објасниме на младите важноста на посетата на танцови кампови.

Нивната едукативна вредност е непроценлива и се однесува на повеќе аспекти: техничко усовршување, усовршување на различни стилови, социјална инклузија, проширување на перцепцијата и видиците, себе-тестирање и тренирање на сопствената самодоверба и храброст.

 leonardooo

Ова ќе биде последното, но многу суштинско прашање. Што за тебе претставува танцот?

Што за мене претставува танцот? Еден слободен свет и место каде што го разбирам моето постоење како битие.

 Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Кире Лазаров: „Со Каролина бевме партнери за матура, поради погрешна дијагноза мислев дека рано ќе ј... „Финалето на Светското клупско првенство беше мојот најтежок натпревар во кариер...
Јелена Розга за CRNOBELO: „Мислев ќе се срушам од убавина кога публиката ја пееше ‘Гинем’ на цел гла... „Утрото пред концертот имав некој чуден страв, па ѝ се јавив на другарка ми и ѝ ...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Ребека, Македонка во Сан Франциско: „Животот ми приреди бура - како испливав нагоре без страв и омра... „Дефинитивно самодовербата се губи ако имате партнер кој не е тоа што сте го зам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg