Валериј Ѓорѓиески: Пливањето е вештина која му е потребна на секој човек


Валериј Ѓорѓиески: Пливањето е вештина која му е потребна на секој човек

Валериј Ѓорѓиески, студент на Факултет за физичко образование, спорт и здравје е еден од ретките млади инструктори по пливање кај нас, кој уште од своите рани години ја негува пасијата спрема спортот. 

valerij gjorgjieski plivanjeto e veshtina koja mu e potrebna na sekoj covek 1

Авантурист во душа, дваесетгодишниот кумановец сака да патува, да запознава нови култури и да го спознава светот.

„Најпрвин тренирав пливање за подоцна да добијам неочекувана понуда да работам на градскиот базен во Куманово како инструктор по пливање во ПК Делфин“, раскажува Валериј.

„Навистина ми е голем предизвик да работам со мали дечиња и тинејџери на возраст од 5 до 15 години и да го споделам задоволството што ги научив да ги осознаат техниките на пливањето. Среќен сум кога ќе ги видам нивните лица насмеани и задоволни“.

За време на неговите студии му се укажала можноста да биде дел од еден проект предводен од УСАИД, поточно да биде инструктор по пливање на деца со пречки во видот.

Како што самиот кажува, не било лесно да се прифати таквиот предизвик, но неговата хуманост избила на површина и бил подготвен да помогне и да ги внесе децата во светот на пливањето.

Голема мотивација и помош има од неговиот ментор професор д-р Иван Анастастовски, кој секогаш е покрај нив на тренинзите и им влева верба и надеж секојдневно.

valerij gjorgjieski plivanjeto e veshtina koja mu e potrebna na sekoj covek 3

„Со децата работиме напорно  и се трудиме да станат добри пливачи без разлика на околностите. Дечињата пливаат со помош на пловки и помагала кои им даваат дополнителна сигурност во водата, а исто така и покрај секое дете има инструктор. Часот по пливање трае еден час кој го одржуваме два-три пати неделно. Ваквиот проект овозможува децата да научат да пливаат без разлика на пречките во видот. Проектот сé уште е во тек и кај дечињата има голем напредок и успех. Во секој случај горд сум на себе што можат да внесам дополнителна ведрина во туѓите животи“, споделува Валериј. 

valerij gjorgjieski plivanjeto e veshtina koja mu e potrebna na sekoj covek 4

Валериј Ѓорѓиески смета дека децата уште од најрана возраст треба да бидат запознаени со пливањето, кое буди убави емоции кај нив. Тој напоменува дека овој спорт позитивно влијае врз здравјето и правилниот развој на децата и тоа е вештина која му е потребна на секој човек, зошто токму преку пливањето се движат сите мускули во телото, па затоа се смета и за една од најтешката вештина, а воедно и спорт.

valerij gjorgjieski plivanjeto e veshtina koja mu e potrebna na sekoj covek 2

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Војо Иванов: Живеев 10 години со крокодил! Доколку не го познавате лично, сигурно сте го сретнале некаде низ Скопје. Најчес...
Ивана Горичан: Боенката за возрасни Euphorbia ќе ве одведе на поубави ... Кога ќе се спомене боенка за возрасни сите прво помислуваме на Ивана Горичан и н...
Влатко Стефановски: Денес сите песни личат една на друга, како подгреа... Седнавме на кафе со Влатко Стефановски во гимназијата од каде почнува целата нег...