Иван Атанасов - Cryssis: Младината во Македонија знае да се журка


Иван Атанасов - Cryssis: Младината во Македонија знае да се журка

„Баш на денешно време сé што ти треба е еден лаптоп и малку фантазија за да создадеш револуција“, изјавува диџејот и продуцентот Cryssis.

FotoJetglavnaa

Велат дека сите почетоци се тешки, но истовремено и најинтересни за раскажување. Твоите блиски те знаат како Иван Атанасов, а пошироката јавност како Cryssis. Прво започна како диџеј, а еве веќе си ставен и во улога на продуцент. Можеш ли да ни го раскажеш патешествието низ кое помина за да станеш она што си денеска?

Да бидам искрен, многу е тешко без никаква помош да започнеш било што во животот, никој мене не ми даваше никаде да пуштам со оглед дека тој вид на музика ретко е прифатен на овие простори, па затоа наместо јас да се молам за журка, јас одлучив сам да создавам свои. Полека, но сигурно така настана и темата за журки Wild for the night.

ivan atanasov cryssis mladinata vo makedonija znae da se zurka 7

Ако не грешам, моментално си единствениот активен дабстеп диџеј во Македонија. Со оглед на тоа што младината сé повеќе е фасцинирана од електронската музика, какво е твоето досегашно искуство со домашната публика и како организатор на журките Wild for the night?

Прво морам да кажам дека младината знае да се журка! И тие покажуваат дека знаат како се журка, и го прават тоа со стил. Тука отсекогаш недостигала таа сцена од музиката, и самата желба да ги создадам Wild for the night журките беше таа потреба од електронската музичка сцена, што за жал во овие простори не е доволно присутна, но затоа јас се трудам да го сменам тоа.

Wild for the night in Shtip!

Дива беше ноќта во Штип. WILD FOR THE NIGHT by Cryssis

Posted by Cryssis on Tuesday, February 6, 2018

Она што отсекогаш ме засегало е моментот кога диџејот ќе застане на сцена и со миксета пред себе ќе им овозможи лудо патување на присутните. Како е да се биде капетан на една журка и заедно со публика да запловиш во разбрануваните води на музиката?

 Ова го кажувам од срце, до сега немам поубаво чувство од тоа да гледам и доживувам како пред мене стотици луѓе лудуваат беспрекорно, и како од нив излегува толку многу енергија, толку многу љубов кон музиката што од 2 до 5 саати не мислиш на никоја негативна страна во твојот живот и само се внесуваш во еуфоријата што ти ја создава самата публика.

ivan atanasov cryssis mladinata vo makedonija znae da se zurka 2

Кога пушташ музика секогаш настапуваш со нови сетови и што е најважно ги следиш светските трендови, па дали постојат посебни критериуми по кои ги селектираш музичките нумери?

 Секогаш мора да бидеш во тек со музиката и најважно со нејзиниот стил, како и со модата така и со музиката, секогаш се менува. Мора да ја создадеш најприфатливата комбинација за публиката и за самиот стил на музика.

Едно е да си диџеј, друго е да си продуцент, но и двете носат пријатни и интересни искуства од кои созреваш. Раскажи ни повеќе за твојот креативен процес, кога сфати дека сакаш да создаваш своја музика?

Иако сé уште сум почетник во продукција, уште пред да почнам со пуштање музика мене ме интересираше да создавам свое дело што ќе може да ги искаже моите чувства. Баш на денешно време сé што ти треба е еден лаптоп или компјутер и малку фантазија за да создадеш револуција.

ivan atanasov cryssis mladinata vo makedonija znae da se zurka 1

Со доаѓање на пролетта светот почнува да се буди, така и голем број на настани може да очекуваме во наредните месеци. Кои се твоите ангажмани за следниот период, што е она што Cryssis ѝ подготува на својата публика? 

Се знае, журки низ цела Македонија, па и надвор од земјава. Баш сега подготвувам да вадам Dubstep, Drum and bass, Trap и Lo-fi траки кој што ќе бидат завршени најкасно до почетокот на летото! Новата култура допрва оживува во Македонија, бидете спремни за големиот бран!

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Владимир Чурлиновски: „Кутија цигари во Виетнам е 25 денари, резерваци... Овој Македонец вели дека во Катар те почитуваат како работник, а во Тајланд луѓе...
Задолжителни книги, филмови, музика - од режисерката Драгана Гунин Уметниците секогаш знаат да посочат квалитетна книга, филм и музика. Тие се тука...
Кристиан Шемко: „Во Македонија постојат приказни кои чекаат да бидат р... Како мал често ја земав камерата од дедо ми и правев кратки филмчиња со другари ...

Најчитани неделава