Кристиан Шемко: „Во Македонија постојат приказни кои чекаат да бидат раскажани“

„Како мал често ја земав камерата од дедо ми и правев кратки филмчиња со другари од маалото, кои патем ми беа и првите критичари. Страста што ја чувствувам кога режирам некој проект е храна за мојата душа“, раскажува Кристиан Шемко, режисер и сопственик на продукцијата Pyramid Production. 

kristian shemko vo makedonija postojat prikazni koi cekaat da bidat raskazani 5

Роден си во Македонија, а израсна во Австралија и после години и години живот во странство во март 2016 година реши да се вратиш во татковината на твоите претци – Македонија. Зошто одлучи својата животна одисеја да ја продолжиш во држава од која речиси сета младина си заминува?

Сметам дека во Македонија постојат приказни кои чекаат да бидат раскажани и презентирани пред светот. Македонија за мене е еден инспиративен рудник, но сé уште неоткриен. Се чувствувам како Колумбо, барајќи ја совршената земја за моите идни инспиративни експерименти.

Австралија е прекрасна земја и често ја посетувам. Сепак не можеш да свртиш грб на земјата која те израснала и ти ги дала сите благодати на животот. Македонија е нова приказна за мене, неиспишана страница. Останува да видиме каде ќе не однесе патот.

kristian shemko vo makedonija postojat prikazni koi cekaat da bidat raskazani 4

Свесни сме колку менување на живеалиштето може да го смени човекот, посебно кога таа преселба се случува од еден на друг континет. Кога човекот ќе биде разделен од своите најблиските тогаш суштината и разбирањето на светот почнува да ја бара во себеси. Колку изминатиот период ти помогна да ја сфатиш сопствената личност и да се насочиш спрема вистинската насока во животот?

Верувајте ми, многу. Преселбата од еден до друг континет е еден тежок процес. Не можам да набројам колку работи требаше одново да ги искусам. Од систем на држава, до обичаи, менталитет, храна, клима и ред други работи.

На некој начин ми требаше ова, бидејќи човек е онолку успешен колку што е и неговата способност да се приспособи на нови животни правци. Сметам дека човек најмногу се открива себеси во самотијата, тогаш разбира дека не може повеќе да бега од себе и дека соочувањето со себеси е неизбежен дел од неговото растење кон нови духовни, телесни и умствени висини.

Дефинитивно ќе кажам дека лошите периоди во животот служат како потсетник дека треба нешто да промениш кај себеси. Универзалната интелигенција нé создала за да бидеме среќни и исполнети, и да придонесуваме колективно за доброто на човештвото. Во време на ваква експанзија на технологија, можности, нови индустрии и слично, човек може да постане што и да посака, ако навистина сака.

kristian shemko vo makedonija postojat prikazni koi cekaat da bidat raskazani 2

Веројатно приспособен на македонскиот менталитет, откако успеја да ги апсорбираш сите парадоксалности од општеството и да го испиташ неговиот пулс, пред точно една година реши да започнеш сопствен бизнис и ја отвори Pyramid Production. На што се должи донесената одлука?

Мајка ми понекогаш ќе каже дека уште како мал сум живеел во некој свој имагинарен свет. Одлуката да започнам свој бизнис со видео продукција се должи на фактот дека ентертеинмент индустријата отсекогаш ми претставувала предизвик. Многу е флексибилно и е поле кое ги предизвикува моите креативни сили. Како јарец во хороскоп и претприемач во душа, контрол фрик ми е второто име. Pyramid Production ми овозможува да се надоградувам како личност и индивидуа. Преку искуствата секојдневно учам нови работи за тоа како функционира светот на бизнисот и што е самата суштина. Во Pyramid Production работи екипа од  талентирани индивидуи, со огромна пасија за оваа индустрија. Нашата мисија е да создадеме светски уметнички дела и да допреме до душите на публиката ширум светот. Ги охрабрувам сите кои решаваат да тргнат по овој пат, бидејќи е многу непредвидлив, во исто време возбудлив!

Pyramid Production почна да си го наоѓа својот простор кај нас, но најважно е тоа што токму вродената идеја во тебе разви страст спрема режија, која постоела со години. Колку храброста да се впуштиш во нови текови на животот те убедија дека тоа е твојот сон што треба да го следиш?

Секогаш добивав високи оценки по цртање на школо и некако од таму тргна тоа да се занимавам со уметност. Во детството често гледав безброј филмови и некако тогаш сфатив дека јас не живеам во оваа димензија, туку во онаа филмската. Филмот за мене е универзален јазик и моќен медиум, кој комуницира со нас директно преку нашите 5-6 телесни сетила.

Како мал често ја земав камерата од дедо ми и правев кратки филмчиња со другари од маалото, кои патем ми беа и првите критичари. Страста што ја чувствувам кога режирам некој проект е храната за мојата душа. Кога при секој доживеан неуспех имаш уште поголема волја да се докажуваш, тогаш тоа е она вистинското за тебе.

На какви досегашни проекти се наоѓа твојот потпис – Кристиан Шемко? И кажи ни што е она што ти прави посебно задоволство додека си посветен на активностите?

Претежно се музички спотови, реклами и промотивни видеа за деловни фирми. Самиот процес на изработка на еден проект (сеедно дали е музичко видео, филм или реклама) е многу долг и интензивен. Сé започнува од подот на мојата соба, каде најчесто пишувам сценарија. Па следува снимањето, па пост продукција.

Во оваа професија многу е битно да си реализирана личност и психички да си спремен да истрпиш многу. Бидејќи режисерот е илјада професии во едно. Соработува со илјада луѓе, со илјада најразлични карактери, за да создаде едно уметничко дело. Притоа да не полуди и да посака да избега во непознат правец. Викаат „каков режисер, таков филм”.

Но, задоволството е да гледаш како твоите дела прават промена во светот и секако задоволните клиенти, кои за мене се најголемата сатисфакција за добра завршница на еден проект!

Портрет фотографиите се дел од твојот професионален ангажман, како успеваш да ги пронајдеш вистинските модели, дали можеби во нив постои некоја искра што те уверува дека тоа е совршениот избор за твојата замисла?

Ако погледнете некој од класиците на светските холивудски филмови, ќе видите дека филмот е одличен само поради таа една уникатна личност, која се случило да биде на вистинското време и вистинското место. Секогаш кога фотографирам или одбирам актер/ка за некој проект, ја оставам интуицијата да ми покаже дали таа личност коинцидентно ќе биде дел од приказната на која работам.

Сепак, според мене талентот и желбата на моделите/актерите да се докажат на уметничкото платно се пресудни за да бидат одбрани како дел од моите проекти. Бидејќи ја олеснуваат многу работата и оставаат простор за нови експериментирања.

kristian shemko vo makedonija postojat prikazni koi cekaat da bidat raskazani 1

kristian shemko vo makedonija postojat prikazni koi cekaat da bidat raskazani 1

Секогаш сакам да ги дознам идните планови на личностите што ги интервјуирам. Кои се твоите? Можеби ако се заситиш од македонското општество, повторно ќе се вратиш во Австралија или твоите патиште водат во сосема поразличен правец?

Светот го гледам како едно глобално село, од кое сите сме дел. Јас сум човек кој сака да истражува и да биде слободен (на мојот пасош пишува Националност: ПЛАНЕТА ЗЕМЈА). Не се врзувам премногу за работи и места, бидејќи ќе се реинкарнираме безброј пати и останува само да живееме за искуствата на нашите животи.

Сакам да продолжам да придонесувам за доброто на човештвото и оставам животот да ме води на место каде што моите можности и соништа ќе се соединат во една универзална хармонија!

 FotoJetaaa

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јелена Розга за CRNOBELO: „Мислев ќе се срушам од убавина кога публиката ја пееше ‘Гинем’ на цел гла... „Утрото пред концертот имав некој чуден страв, па ѝ се јавив на другарка ми и ѝ ...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...
Јасмина Цветковска 9 години живее во Сиднеј: „Како инженер лесно најдов работа, но проблем се скапит... „Дипломите од природните науки, машинските струки, архитектура, електро-инженерс...
Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме ... „Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg