Запознајте го креативниот универзум на нашиот илустратор Тино Андов


Запознајте го креативниот универзум на нашиот илустратор Тино Андов

Да се создаваат сопствени универзуми и карактери за дваесетгодишниот Тино Андов од Скопје претставува голем предизвик.

zapoznajte go kreativniot univerzum na nashiot ilustrator tino andov 9

Црта од кога знае за себе, а Photoshop и digital art почнал да работи од својата 13 година кога неговите му го купиле првиот компјутер. Во слободно време, кога сака да се ослободи од сопствената имагинација се препушта на играње видео-игри и создавање музика.

„Во моментот работам како концепт артист во NapNok Games. Мојата работа се состои во осмислување и дизајнирање на цел универзум каде што е сместена играта. Најголем дел од работата поминува во истражување на идеите преку цртежи. Понекогаш 80% од материјалот пропаѓа за да се добие идеалниот дизајн што ќе биде препознатлив за самата игра“, раскажува Тино Андов, кој гледа да извлече колку што е можно повеќе од секое искуство и да го пренесе во своите дела, затоа што на тој начин се надоградува себеси.

zapoznajte go kreativniot univerzum na nashiot ilustrator tino andov 2

Младиот илустратор наоѓа инспирација насекаде околу себе. Во интересна форма на зграда, фустан на некоја девојка со убава комбинација на бои... Едноставно секој ден за него претставува различно доживување.

Тино Андов на стварноста гледа како на алатка што може да му помогне во креативниот процес и за себе вели дека е посветен на тој начин што често му се случува да стане во два наутро и да заглави четири часа пред лист, пренесувајќи го набојот на идеите.

zapoznajte go kreativniot univerzum na nashiot ilustrator tino andov 3

„Обично цртам портрети и фигури, ама имам желба да дизајнирам и објекти. Најинтересни за создавање ми се темни простори со еден или два извора на светлина и со многу густа атмосфера. Најверојатно тоа е рефлексија од мојата соба каде што секогаш е темно и полно со чад од цигари“, раскажува Тино Андов, кај кого процесот на создавање на една илустрација се движи од два часа, па до две недели.

„Исто така сакам да раскажам приказна преку карактер и атмосфера, независно дали е тажна или среќна. Сакам да поттикнам некаква емоција кај гледачот и да го вратам назад во времето или да му овозможам да пропатува на некое сосема непознато, а истовремено и носталгично место. Или едноставно речено, сакам на луѓето да им го овозможам она чувство кога ќе се разбудиме од сон и пробуваме да се сетиме на истиот“.

zapoznajte go kreativniot univerzum na nashiot ilustrator tino andov 7

Тино Андов сака да ја работи истата работа како што ја работи и сега, но константно да менува околина, да запознава нови луѓе и да ги посети најубавите места во светот.

Во периодов работи на илустрации за книги и игри, истражува нови светови и карактери и во иднина би сакал да издаде книга со свои дела, но и да создаде игра – целосно негова креација.

zapoznajte go kreativniot univerzum na nashiot ilustrator tino andov 8

zapoznajte go kreativniot univerzum na nashiot ilustrator tino andov 4

zapoznajte go kreativniot univerzum na nashiot ilustrator tino andov 1

zapoznajte go kreativniot univerzum na nashiot ilustrator tino andov 6

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Каин: „Со нашата музика сакаме да го промениме светот на подобро“ Алтернативната сцена во Македонија периодов се збогати со уште еден студиски алб...
Јутјуберот Бобан Бошевски од Битола - има 14 години, интернационални н... Приказните за светските Јутјубери често знаат да им го свртат вниманието на луѓе...
Влатко Стефановски: Денес сите песни личат една на друга, како подгреа... Седнавме на кафе со Влатко Стефановски во гимназијата од каде почнува целата нег...