Запознајте ги доживувањата на Антоан Ломба од Франција и волонтерските искуства во Македонија


Запознајте ги доживувањата на Антоан Ломба од Франција и волонтерските искуства во Македонија

Додека голем број на млади се иселуваат од државата, има такви поединци од светот, кои, ако ништо друго, сакаат да дојдат и да поживеат одреден период во Македонија. 

zapoznajte gi dozivuvanjata na antoan lomba od francija i negovite volonterski iskustva vo makedonija 3

Жедни за нови искуства и предизвици, наоѓаат причини и убедени дека ќе спознаат нови работи за животот и себеси доаѓаат во еден поразлична од нивниот, веќе изграден свет.

Таква приказна е дел од животот на Антоан Ломба (21) од Франција, кој живеел низ различни држави во светот и кој во патувањето наоѓа големо задоволство. Токму таа потреба за внатрешно проширување го натерало да се впрегне во нашите краишта.

„Уште за времето на моите средношколски денови сакав да земам слободна година и да правам нешто што ќе ми овозможи да си ги проширам хоризонтите и да се истражам себеси“, раскажува Антоан, кој студирал политички и социјални науки.

„Некако како да ми здодеа сета теорија што ја изучував на факултетот, па барајќи практични работи во животот, одлучив да волонтирам. Мора да признаам дека беше комплицирано да се најде вистинската можност што ќе ги задоволи моите критериуми. Сакав да бидам дел од проект каде што можам да придонесам со знаењето и вештините што ги поседувам, на поле кое мене лично ме засега, каде ќе земам џепарлак за да можам да го преживеам месецот. После часови и часови пребарувања, најдов информации за European Voluntary Service, и кога детално се запознав, сфатив дека тоа е изборот што го барам. Преку Фејсбук дознав за Волонтерски Центар Скопје, кои тогаш бараа интернационален волонтер. Пред истекот на рокот ја пратив апликацијата, и еве после една година сум тука, во Македонија“.

zapoznajte gi dozivuvanjata na antoan lomba od francija i negovite volonterski iskustva vo makedonija 7

Антоан немал никаква идеја што да очекува. Знаел само дека Македонија се наоѓа на Балканот, слушнал за спорот за името и дека во таа држава се користи кирилица.

Дури имал и стереотипи за балканските држави воопшто, за класичните слики на уништени патишта со посивени планини каде луѓето сé уште се движат со кочии.

Знаел дека национализмот и конзервативизмот ќе бидат поприсутни тука, отколку во Западна Европа. Но, истовремено, иако можеби звучи иронично, очекувал многу слобода.

Секако дека постојат и таму правила, се потсетува тој, но сигурно сите не се почитувани како што граѓаните на Швајцарија го прават тоа.  

zapoznajte gi dozivuvanjata na antoan lomba od francija i negovite volonterski iskustva vo makedonija 11

„Кога слетав на аеродромот се чувствував нервозно. Кога на полицајците им кажав дека ќе волонтирам во Македонија, тоа за нив беше непоимливо и кога околу мене почнав да слушам јазик што воопшто не го разбирав, непријатноста се зголеми. Во еден момент ми дојде помислата - проклетство, во што се впуштив јас?!“ открива францускиот волонтер.

„Во првата недела бев навистина дезориентиран, зашто животот тука значително се разликува од оној во Западна Европа. Едноставно, ми требаше време за да се адаптирам на новото опкружување и на светот со кој решив да се сплотам. Во слични ситуации човекот треба да се отвори за нови искуства и да размислува надвор од кутија ако сака да сврти нова страница во сопствениот живот“.  

zapoznajte gi dozivuvanjata na antoan lomba od francija i negovite volonterski iskustva vo makedonija 13

Дневните активности на Антоан во Волонтерски Центар Скопје се состојат во истражување, пишување текстови, дизајнирање на артикли за VOICES magazine, обновување на блогот за магазинот, реализирање на промотивни активности за партнери на организацијата, како што е YO!Fest, кој се случува сега.

Исто така одржува работилници во средни школи на различни теми (активно слушање, комуникациски вештини, мултикултурализам). Нивните координатори исто така ги вклучуваат во пропратни активности како на пример еко-акции, волонтирање на спортски настани или спроведување на логистичка поддршка на уметнички и професионални настани.

Групата на волонтери на којашто припаѓа Антоан организираат и релаксирачки активности во нивната канцеларија: гледање на филмови и играње на друштвени игри.

zapoznajte gi dozivuvanjata na antoan lomba od francija i negovite volonterski iskustva vo makedonija 10

„Во Скопје има многу места каде го поминувам слободното време. Градски парк е мојот омилен избор за опуштање на умот, заедно со кејот на реката Вардар каде често одам да пешачам, да возам велосипед или да џогирам. Дебар Маало и Стара Чаршија се синоними за добро помината вечер. На оваа листа ќе додадам и неколку локали раштркани низ Скопје, кои знам често да ги посетам: Епицентар, Станица 26, Сектор 909 се одлични места за техно/хаус музика. Маракана и Хавана знаат да приредат незаборавни вечери. Од барови за чилање ќе ги издвојам Пивница, Public Room, Центар Бар, Гарсон и Винил Бар. Секако тука се и еден куп други настани за кои дознавам преку социјалните мрежи“ - раскажува Антоан за своите омилени места во Скопје, кој секој викенд знае да ја провери агендата на МКЦ и ако налета на некој привлечен настан, без размислување, присуствува на истиот.

zapoznajte gi dozivuvanjata na antoan lomba od francija i negovite volonterski iskustva vo makedonija 6

Покрај Скопје и секако Водно, Антоан ги сака природните води на Катланово, потоа камените кукли во Куклица, во близина на Кратово. Бил воодушевен од погледот што го му го овозможил Кокино и уживал во средина на мај да се спушта по снежни ридови на Маврово.

Битола го издвојува како одличен град. Со неговите колеги и пријатели имаат возено покрај Преспанско Езеро, го име посетено и Охрид. Иако има уште да истражува од убавините на Македонија, знае дека ништо нема да го разочара.

zapoznajte gi dozivuvanjata na antoan lomba od francija i negovite volonterski iskustva vo makedonija 4

„Не сум сигурен во која насока ќе ме одвлече животот, но пред некое време аплицирав во Франко - Германска младинска организација (OFAJ/DFJW) за волонтирање со времетраење од 12 месеци во Берлин. Исто така размислувам да запишам постдипломски поврзани со политички науки“, ги открива своите планови за во иднина, иако неговиот волонтерски престој завршува на крајот од јуни, тој е сигурен дека за брзо време повторно ќе се врати да ја посети Македонија, а вкусот на нашата домашна кујна, засекогаш ќе го прати каде и да оди.

zapoznajte gi dozivuvanjata na antoan lomba od francija i negovite volonterski iskustva vo makedonija 5

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кристиан Шемко: „Во Македонија постојат приказни кои чекаат да бидат р... Како мал често ја земав камерата од дедо ми и правев кратки филмчиња со другари ...
Приказната на струмичанецот Блаже Аризанов: „Индија не ме промени, тук... Блаже Аризанов е Македонец од струмичко село, кој во 2011 година заминал на...
Васил Шемкоски: Извадете ги боичките и дајте му свои бои на нашето ста... Ако сакате да го разубавите Скопје или да го доживеете на еден поразличен начин,...