Зоран Ингилизов, проект менаџер на ОФФест: Музичката програма на годинашниот ОФФест е едно мини соѕвездие

muzickata-programa-na-ovogodinesniot-offest-e-edno-mini-sodzvezdie-001.jpg

Седумнаесеттото издание на ОФФест ќе се одржи од 31 мај до 5 јуни. Во агендата имате зацртано 10 концерти, кои ќе бидат реализирани во пет фестивалски денови на три локации. Имате сериозно зацртана агенда пред вас. Колку беа лесни/тешки подготовките за ова издание?

Уф, прво, па во ребра. „Македонскиот дел од пеколот“ кога станува збор за концертни промоции кај нас. Но, ајде да го издвоиме убавото. Целиот макотрпен труд и нервоза се заборава кога имаме задоволна публика и кога по концертите Орландо Џулиус, Ден Сорте Сколе, Кинг Ајисоба, Ентони Џозеф или Жизела Жоао ќе окапат со тебе во муабет и на крај ќе ти речат „Ви благодариме за сé, беше фантастично!”. Тоа чувство, во тие моменти, не се мери ниту со пари ниту со што било друго. Тогаш знаеш дека си ја направил вистинската работа, токму како што треба. Бинго! Најлесната работа е да направиш програма. Овде вклучувам и преговори и договори со артистите или нивните менаџери, бидејќи се работи за големи професионалци, кои сe сериознo посветени на својата работа со години наназад. Речиси секому од нив им се познати и Скопскиот џез фестивал и ОФФест, за што единствена заслуга има минатиот труд, ентузијазмот, професионалноста, односот и личните познанства од Оливер Белопета. Голема улога тука игра и познатиот македонски инает, но во позитивна смисла. Да пркосиш на сé што е просечно.

muzickata-programa-na-ovogodinesniot-offest-e-edno-mini-sodzvezdie-01.jpg

Ветивте дека и оваа година ќе донесете актуелни имиња, претставници на таканаречената музика на светот, кого се ќе можеме да слушнеме на престојното издание?

Нé очекува исклучително квалитетно издание на ОФФест. Jupiter & Okwess од Конго, ни гостуваат по втор пат, а нивното прво гостување беше многу еуфорично. Очекуваме тоа да се повтори. Fighting Windmills се единствената домашна група, која има одличен нов албум, со своја премиерна концертна промоција на ОФФест. Dirtmusic се ол-старс група со Крис Екман (The Walkabouts), Хуго Рејс (The Bad Seeds на Ник Кејв) и Мурат Ертел (Baba Zula), и ќе ги видиме во едно психоделично-рок издание. Автентичните „Officina Zoe“ од Италија со својот хипнотички транс. Од Тунис, ќе гостуваат „Ifriqiyya Electrique“ со шаманско-индустриски-електро ритуал. Ориентален рок со најдоброто од Турција - Gaye Su Akyol и нејзината група. Магичните „Barmer Bojs“ ја продолжуваат вековната индиска музичка традиција. „Trans-Aeolian Transmission“ ќе ни приредат свој специфичен аудио-видео перформанс. И за затворање на фестивалот, африканската кралица - Уму Сангаре. Најголемата африканска пејачка, која доаѓа од Мали. 

muzickata-programa-na-ovogodinesniot-offest-e-edno-mini-sodzvezdie-08.jpg

muzickata-programa-na-ovogodinesniot-offest-e-edno-mini-sodzvezdie-03.JPG

Има ли ѕвезда на фестивалот која би можеле да ја издвоите, која е носечко име на ова издание?

Без исклучок, како и секогаш претходно, сите од изведувачите се врвни, актуелни имиња и светски познати во т.н музика на светот (world music). Концертот на Уму Сангаре е нешто што не смее да се пропушти. Но тука се и Jupiter & Okwess, Dirtmusic, Gaye Su Akyol, Barmer Boys…Ма не ме зезај.  Целата програма е едно мини соѕвездие (се смее)

muzickata-programa-na-ovogodinesniot-offest-e-edno-mini-sodzvezdie-10.jpg

muzickata-programa-na-ovogodinesniot-offest-e-edno-mini-sodzvezdie-02.jpg

Откако е нефункционална Универзалната сала бевте приморани да го дислоцирате и фестивалот, овој пат на три различни локации. Кои и зошто токму на нив падна изборот?

Колку и да сакаме да промениме нешто во врска со локациите, а верувајте сакаме многу, тоа е речиси невозможно бидејќи друг избор и нема. Универзална сала беше на некој начин заштитен симбол на Скопскиот џез фестивал, а подоцна и на ОФФест, но таа веќе не е во функција. Ист е случајот и со халите на Скопски саем каде што претходно се одржани неколку концерти во рамките на ОФФест. Салата Борис Трајковски е преголема и е исклучиво за поголеми комерцијални концерти. Ја имаме Македонска филхармонија која е нов, убав, функционален објект и со доволен број седишта. Но за жал, големата сала таму не е акустички направена за изведба на каков било „електричен” или т.н. гласен концерт. А такви имаме прилично на секое издание на ОФФест. Додека трае ОФФест, последната седмица од месец мај, салата во Македонска опера и балет не можеме да ја користиме поради Мајски оперски вечери, кои се одржуваат во истиот период. Затоа барем концертот на Уму Сангаре, единствен кој ќе се одржи во МОБ, го темпиравме за затворање на фестивалот на 5 јуни. Или треба да се размислува за календарско поместување на фестивалот, а тоа не е воопшто едноставно поради многу објективни причини, или пак конечно Министерството за култура заедно со Град Скопје треба да направат една репрезентативна и мултипрактична летна сцена, идеална за овој период од годината, Веќе има најави за вакво нешто, како и обнова на Универзалната сала во 2019 година (многу пати ветувано), па останува да видиме дали конечно ќе се прејде и на реализација. Така што ни преостанува само Младинскиот културен центар, со нив имаме одлична соработка, а самиот МКЦ има долга традиција на концертни настани преку целата година. За полноќниот настап го одбравме Клуб Епицентар.

muzickata-programa-na-ovogodinesniot-offest-e-edno-mini-sodzvezdie-04.jpg

Земајќи предвид дека имате габаритно искуство зад вас во организирање музички фестивали и остварено лични контакти со големи светски музички ѕвезди, сепак, колку време ви е потребно во преговори и договори за програмски да можете да заокружите едно издание на фестивалот?

Од почеток до крај, а крајот е самиот фестивал, потребни се 6-7 месеци. Веќе споменав, преговорите и договорите се наједноставниот дел од работата. Целата логистика и организација околу фестивалот, договарања, локации, спонзори, финансиска конструкција... тоа е најголемиот проблем. А станува сé потешко од година во година. Иако треба да е обратно. После 27 години независност тапкаме во место, а за многу работи и назадуваме. Но и покрај сé, се потрудивме да имаме најобемен, а можеби и најдобар ОФФест годинава.

Каков е интересот за ова издание што ви говорат постоечките параметри?

Привилегија е да имаш фестивал како ОФФест во својот град. Затоа и интересот е голем. Како и секоја  година тука е нашата верна и урбана публика која со нетрпение го чека секое ново издание на ОФФест. А сите оние љубопитни кои ќе дојдат за прв пат, ќе видат и слушнат нешто возбудливо, актуелно, ново и поинакво.

muzickata-programa-na-ovogodinesniot-offest-e-edno-mini-sodzvezdie-12.jpg

muzickata-programa-na-ovogodinesniot-offest-e-edno-mini-sodzvezdie-13.jpg

Би можело да ве интересира:

Михаил Корубин: „Моите ми направија прва ‘изложба’ дома на 6-7 години, израснав во ателјеата на татк... „Паметам на 6-7 години моите ми ја направија првата „изложба“ во нашата куќа, ја...
Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме ... „Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од з...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Елена Ристеска: „Има многу злоба меѓу народот, се штитам така што никој не знае каде сум и што права... „Почесто плачам од радост, отколку од тага. Емотивна сум за блиски луѓе, за...
Хелена Роза по 4 години се врати од Нов Зеланд: „Заминав на 39 години, завршив факултет и сега со со... „2022 ми беше една од најубавите години - конечно зедов дозвола за возење мотор ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg