NBK & Twister: Во Македонија младите немаат свој сон за содавање на уметност

Кумановските рапери чии секојдневни приказни се инспирација за нив и кои рапуваат на кумановски дијалект, подготвуваат нешто ново за својата публика.

nbk twister vo makedonija mladite nemaat svoj son za sozdavanje na umetnost 5

NBK & Twister одвоија од нивното време и одговорија на неколку прашања. Во продолжение следува разговорот со нив.  

Постоите со години и добро сте вкоренети во македонската рап сцена, интересно е тоа што за неколку недели ќе го издадете вашиот нов студиски албум, насловен како Од подрум до бину. Може ли да позборуваме малку за создавање на новиот материјал, на какви сé препреки и олеснителни околности наидовте во изминатиот период?

Албумот е речиси готов, а самото создавањето течеше доста лесно, бидејќи секогаш работиме со наши блиски, луѓе со кои го делиме секојдневието. Со нив работиме на музиката, омотот, спотовите.

Без сомнение, од идејата до реализирање на делото секогаш  е полесно кога си опкружен со пријатели. Најголем проблем е на крајот, кога доаѓа време за промоција и концерти, а со тоа посебно се соочуваме во Куманово, каде нема културни центри и локали со бина.

Вашите песни обработуваат теми што нé засегаат сите. Почнувајќи од социјалните аспекти, политичката ситуација и воопшто менталитетот на еден народ, а секако, тука е присутен и унакажаниот дух на вашето родно Куманово. Колку текстовите допираат до вашите слушатели, има ли простор за промена на перцепција кај нив?

Темите ги прераскажуваат секојдневните приказни и нашиот поглед и став кон нив. Не знаеме дали и колку допираат песните до човекот, но доколку допрат и имаат некакво влијание тоа е голем успех.

nbk twister vo makedonija mladite nemaat svoj son za sozdavanje na umetnost 1

Интересно е тоа што рапувате на кумановски дијалект, но со самата таа одлука се стеснува дострелот на, да речеме, интернационална публика. Кој е пресудниот фактор што и покрај сé продолжувате да творите на дијалект? 

Рапот е музика преку која се презентираш себеси и местото од коешто потекнуваш. Дијалектот е цврсто поврзан со нашиот град и текстовите ја сочувуваме неговата препознатливост и уникатност. А народски кажано „пазарот“ не е нашата мета, ниту цел.

Мора да го поставам и ова прашање. По што е препознатлив кумановскиот рап?

Рапот од Куманово е препознатлив по дијалектот, кој истовремено е интересен и суров, но и по самиот звук. Во Куманово можете да најдете само boom bap звук и познавачите на рапот во Македонија го знаат тоа. Имаме битмејкери и продуценти како што се T-Ghost, Fat Flow, Puca Cherep, Immex и сите ќе се појават на нашиот нов албум.

Свесни сме дека нашите издавачки куќи не се баш мотивирани да ја поддржат и промовираат андерграунд културата, па артистите се препуштени да изнајдат начин за себепромовирање. Како вие се снаоѓате со ова?

Веќе и поп музиката не е интересна за издавачките куќи, така да интернетот е единствената опција за промоција. Најдобро презентирање на бендот е концерт, но во државата ретко се случуваат настани за локални артисти и изведувачи.

Во Куманово постои независен издавач Kran Records, кој секогаш нé поддржува и ни помага во реализација на замислите. Куманово е окупирано од турбо-фолк, нема свој фестивал. Тука нема простор за оправдување, џебот е полн, а вкусот евтин.

nbk twister vo makedonija mladite nemaat svoj son za sozdavanje na umetnost 2

За крај би ве прашал, верувате ли дека алтернативната сцена во Македонија во иднина може да засведочи вистински подем или ситуацијата никогаш нема да биде подобра, гледајќи го фактот што младите секојдневно се иселуваат?

Финансиската состојба во државата е лоша, сите ја гледаат својата шанса за надвор. Младите немаат свој сон за создавање на уметност, без разлика дали тоа е музика, сликарство или нешто друго.

Малкумина се интересираат за музиката и за нејзиното создавање, на најголем дел од нив идоли им се луѓе кои на брз начин создале пари, а музиката не им значи буквално ништо. 

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јасмина Цветковска 9 години живее во Сиднеј: „Како инженер лесно најдов работа, но проблем се скапит... „Дипломите од природните науки, машинските струки, архитектура, електро-инженерс...
Леонид Вандевски, атлетичар: „Пред натпревар избегнувам користење на социјалните мрежи, а дисциплина... „Неуспехот е дел од животот и е нешто што сите мора да го прифатиме бидејќи најг...
Михаил Корубин: „Моите ми направија прва ‘изложба’ дома на 6-7 години, израснав во ателјеата на татк... „Паметам на 6-7 години моите ми ја направија првата „изложба“ во нашата куќа, ја...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Сипхокази Трпкоски од Јужноафриканска Република е македонска снаа: „Сакам пастрмалија и ракија, Охри... „Македонската свадба е за мене е најубавата македонска традиција. Многу е убаво ...
Французинката Олга 2 пати го посети Скопје: „Македонците се прекрасен народ“ „Ми се допадна културата, мешавина помеѓу оксидент и ориент, природата, византис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg