Пијанистот Милош Спасиќ: Многу работи научив преку слушање на светски познати пијанисти и размислување за музиката

Кога уште од својата најмала возраст ќе бидеш изложен на класична музика и истовремено растеш во семејство на музичари, тогаш големи се шансите и твојот животен пат да биде пренасочен во светот на тонови и ноти. 

milosh spasic pijanist mnogu raboti nauciv preku slusanje na svetski poznati pijanisti i razmisluvanje za muzikata 5

Милош Спасиќ (22) од Куманово на свои шест години се запишал во музичкото училиште Панче Пешев во Куманово, на своите 10 години образованието го продолжил во Скопје, во музичкото училиште Илија Николовски- Луј. Во истото училиште го започнал и своето средно образование, па за сите тие години соработувал со професорката Слободанка Младенова од којашто многу научил. Уште од тогаш, Милош Спасиќ почнал да настапува на државни и меѓународни натпревари и предмети на неговиот интерес станале делата на Бах, Моцарт, Бетовен... во кои неизмерно ужива.

„Пред завршувањето на моето средно музичко образование се заинтересирав за професорите по клавир на факултетите за музичка уметност во други држави. По извршена анализа на нивната професионална музичка и педагошка кариера се одлучив за професорката Невена Поповиќ од Белград, која на Факултетот за музичка уметност важи за еден од најуспешните музички педагози. За мене беше привилегија да бидам дел од нејзината класа и сметав дека со нејзина соработка ќе се развивам во вистинска насока“, раскажува Милош Спасиќ, кој во моментот е четврта година на основни студии, а интересот за поголемо знаеање го натерало да побара студии надвор од Македонија.

Во првите две години поминати со неа, Невена несебично го пренесувала нејзиното богато искуство и значително му го збогатила знаењето за инструментот и музиката на Милош. Тоа траело се до нејзината ненадејна смрт во 2016 година, по што преминал во класата на проф. Љиљана Вукеља, инаку некогашен студент во класата на Невена Поповиќ. Во последните две години поминати со проф. Љиљана знаењето на Милош за музиката продолжило да се развива секојдневно.

milosh spasic pijanist mnogu raboti nauciv preku slusanje na svetski poznati pijanisti i razmisluvanje za muzikata 1

Во текот на неговото занимање со музиката се јавила и заинтересираноста за компонирање, па на тој начин настанале неколку композиции за клавир кои ги изведува  на своите настапи. Во текот на студирањето Милош имал шанса да соработува со врвни музичари како: Јури Кот (Украина), Марина Хорак (Словенија), Сенков Сергеј (Русија), Михаил Уде (Германија), Даумантас Кирилаускас (Литванија), Манлио Пинто (Италија), Ролф Плаге (Германија).

„Од Белград очекував да осознаам нови нешта за музиката, да изучувам нови музички дела и да ги проширам своите знаења. Токму тоа и сметам дека од мене го бараа новите околности и за да напредувам постојано морав секојдневно и темелно да работам и да останам фокусиран. Се соочив со нова средина и поинаков пристап кон музиката што ми донесе дополнителна заинтересираност“, открива младиот пијанистот.

Едно од значајните предности на Милош додека престојувал во Белград е тоа што постојано имал можност да присуствува на музички настани и да слуша светски познати музичари од највисок ранг. Исто така, имал можност да се запознае со други пијанисти и луѓе со исти интереси што му донело дополнителен поттик за напредок и усовршување. Ова за него претставува можност да го забележи нивото на свирење во другите региони и да се спореди себеси со музичари надвор од Македонија.

„За мене музиката претставува уживање и задоволство, средство коешто ми овозможува секојдневно да се изразувам и е непресушен извор којшто бара осознавање и истражување. Во неа сé уште пронаоѓам инспирација и сметам дека имам уште многу што да научам. Еден од најважните услови за константен напредок секако е константната работа, а сметам дека вежбањето е само еден аспект од напредувањето. Покрај техничката спремност од огромна важност се и разбирањето на стилот на делото, намерата на композиторот и контекстот во којшто делото е создадено. Многу работи за музиката сметам дека научив преку слушање на светски познати пијанисти и размислувањето за музика“, споделува Милош, на кого свирењето клавир му се наоѓа на прво место од дневните активности.

milosh spasic pijanist mnogu raboti nauciv preku slusanje na svetski poznati pijanisti i razmisluvanje za muzikata 2

Минатиот месец Милош имал концерт во Македонска Филхармонија и имал можност знаењето што го стекнал надвор од Македонија да го пренесе пред домашната публика. Иако последните четири години тој не е во Македонија, секоја година одржува самостојни концерти во Скопје и сака да биде активно присутен на македонската сцена. Сепак неговите први музички чекори започнале во Македонија и смета дека македонската публика може најобјективно да го процени неговиот музички развој.

Во моментот на Милош му преостанува уште еден солистички концерт во Белград и дипломски испит по клавир за коишто секојдневно се подготвува. Еден од неговите планови е да запише постдипломски студии во Салцбург и секако да продолжи да настапува, да одржува солистички концерти и да учествува на нови натпревари.

milosh spasic pijanist mnogu raboti nauciv preku slusanje na svetski poznati pijanisti i razmisluvanje za muzikata 4

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
„Пред 45 години успеав да ја заведам единствената жена која посакав да ми роди деца“ – Жељко Самарџи... „Во брак сме 45 години и заедно пребродивме многу убави, но и тешки животни моме...
Јелена Розга за CRNOBELO: „Мислев ќе се срушам од убавина кога публиката ја пееше ‘Гинем’ на цел гла... „Утрото пред концертот имав некој чуден страв, па ѝ се јавив на другарка ми и ѝ ...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...
Михаил Корубин: „Моите ми направија прва ‘изложба’ дома на 6-7 години, израснав во ателјеата на татк... „Паметам на 6-7 години моите ми ја направија првата „изложба“ во нашата куќа, ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg