Како е да се биде инфлуенсер во Македонија? - Моника Потер и нејзината Инстаграм приказна


Како е да се биде инфлуенсер во Македонија? - Моника Потер и нејзината Инстаграм приказна

Денес сите сме на Инстаграм, подведени од оваа платформа, уживаме во големиот број на визуелни доживувања што ни се нудат. Ако ништо друго, барем на миг може да пропатуваме на некоја далечна дестинација, да се идентификуваме со туѓи животни сториии, и да се расположиме со нечии мотивирачки зборови.

kako e da se bide influenser vo makedonija prikazna na monika poter i nejzinata instagaram prikazna 2

Моника Ангеловска, попозната по нејзиниот Инстаграм профил: @monikapotter e full time influencer во Македонија.

Дипломиран економист со хоби фотографирање, нејзините фотки претставуваат комбинација од вкусови, од кои дури и среде ноќ ќе добиете желба да каснете слатка овошна салата, сладолед или тестенини прелеани со сосови или да пропатувате низ посетените места на Моника со кои се запознаваме преку нејзините објави.

View this post on Instagram

Goodbye Bratislava 🌸 #breakfast

A post shared by Monika Potter (@monikapotter) on

„На Инстаграм сум од причина што нема хејт, нема политика, има слобода на изразување преку фотографија, токму како што јас умеам најдобро. Следам креативни, инспиративни и убави луѓе кои ми го разубавуваат секојдневието бидејќи голем дел од времето поминувам на оваа социјална мрежа“, открива Моника Потер, која била инспирирана од нејзиниот другар Кирил Ангелов да биде дел од оваа виртуелна платформа. Тој бил еден од нејзините први познаници кои користеле Инстаграм на времето.

View this post on Instagram

💕

A post shared by Monika Potter (@monikapotter) on

Моника самата се има мотивирано од причина што ѝ било предизвик креативно да се изразува. Црпела и сé уште црпи инспирација од многу фуд блогери, фотографи, life style блогери, но поретко и од познати личности.

View this post on Instagram

Сè е убаво во април 🌼

A post shared by Monika Potter (@monikapotter) on

„Да бидам искрена, омилен вид на храна немам. Но, дефинитивно сум голем љубител на месо, паста и слатки. Зависи од периодот во годината, така се менуваат оброците кои ги фотографирам. Во лето фаворити ми се овошните салати, сладоледи, коктели и секако не изоставувам некое добро парче месо и вкусен десерт... Сé што е вкусно, но и убаво за очи“, раскажува нашата инстаграмџика, која откако ја излажале да проба пржени кришки со јајца со Нутела, дефинитивно не би пробала пак.

А, од јадење што може да се нарача во ресторан, салата со киноа. Од проста причина што Моника не е фан на киноа.

Исто така, Моника Потер сака и да патува и задолжително при истражување и планирање кои места да ги посети во тој град или држава, прави посебна анализа на нивната кујна и кои сé оброци се специфични за тоа поднебје. Секогаш посетува локални ресторани со вкусна традиционална храна, но и модерни локали кои подготвуваат нешто вкусно, кое под секоја цена мора да се вкуси.

kako e da se bide influenser vo makedonija prikazna na monika poter i nejzinata instagaram prikazna 1

„Да бидам искрена, на почетокот беше тешко да си инфлуенсер во Македонија“, споделува Моника Потер. „Се трудев да објаснам со што се занимавам, па како тоа ,,ти само сликаш, а компаниите те контактираат?’’. Дури и до ден денес имам потешкотии и на моите родители да им објаснам некој ангажман. Често слушав коментари за потсмев за нас блогерите, инфлуенсерите и влогерите, но сега работите се променети. Движиме напред и тоа ме радува. Ова е понеубавиот дел од приказната. Убавиот дел е дека секојдневно среќавам луѓе кои ја вреднуваат и следат мојата работа, кои ме прашуваат за некој совет, за мислење или препорака за некој производ или услуга. И тоа многу ме исполнува. Да се биде инфлуенсер е една супер ,,професија’’, секојдневно различна, полна со креативни предизвици и многу изненадувања“.

kako e da se bide influenser vo makedonija prikazna na monika poter i nejzinata instagaram prikazna 4

Моника Потер нејзиното досегашно искуство го опишува со еден збор – прекрасно. Токму оваа платформа ѝ има отворено многу врати, запознала многу луѓе, остварила нови контакти. Научила нови нешта, и благодарение на Инстаграм си инвестирала во професионален апарат и сфатила дека маркетингот е гранката во која би сакала да се гради понатаму.

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Приказната на струмичанецот Блаже Аризанов: „Индија не ме промени, тук... Блаже Аризанов е Македонец од струмичко село, кој во 2011 година заминал на...
Отворено со нутриционистот Билјана Ристеска: Од трендови во исхрана ка... „Загрижува фактот што денешната младина има сè на дофат на рака и сакаат да изгл...
Излезете од секојдневната монотонија и запознајте ги дечките од „Флека... Сите имаме моменти кога со своите блиски сакаме да се „глупираме“, да ги извадим...