Матео и Ангела, улични уметници: „Сакаме да ги развелесиме луѓето кои имаат лош ден“


Матео и Ангела, улични уметници: „Сакаме да ги развелесиме луѓето кои имаат лош ден“

Градскиот трговски центар во Скопје е речиси единствен простор во главниот град каде можат да се забележат улични уметници. 

mateo i angela ulicni umetnici sakame da gi razveselime lugjeto koi imaat losh den 1

Иако не се во голем број, уличните уметници станаа препознатливи разубавувачи на духот на метрополата. Музичкото дуо составено од Матео Тренкоски, поранешен репрезентативец во атлетика, кој скоро три години свири гитара и Ангела Петковска, студент на Филозофски факултет, која пее од својата десетта година се комбинација  што неколкупати во неделата може да ги слушнете во ГТЦ.  

„Желбата да станам уличен изведувач се појави кога прв пат видов музичар во ГТЦ  додека одев на тренинг. Многу ми се допадна идејата да ги изразам своите чувства преку музиката и на тој начин да ме разберат луѓето што сакам да им кажам без да изговорам ниту еден збор“, раскажува Матео, присетувајќи се на своите музички почетоци и спомени.

mateo i angela ulicni umetnici sakame da gi razveselime lugjeto koi imaat losh den 3

 „Јас немам конкретен момент или случка во која ми се родила желбата да се занимавам со музика, туку едноставно мојата потреба да бидам музичар отсекогаш живеела во мене бидејќи преку музиката ги изразувам своите чувства. Тоа е нештото во што најмногу умеам да вложам енергија и емоција и нештото во кое наоѓам мир“, открива Ангела, која од секогаш се воодушевувала на добри артисти и се нејзина голема инспирација.

„Свириме околу три месеци. Искуството е извонредно и има премногу позитивни луѓе кои ни ја пренесуваат енергијата исто како што и ние им ја пренесуваме нашата. Целта ни е да ги развеселиме луѓето кои имаат лош ден, а на тие што имаат добар да им го направиме уште попријатен и со тоа да градиме врски и секако нови доживувања“, откриваат Матео и Ангела, кои добиваат поддршка од Македонците со кои се во секојдневен контакт.

mateo i angela ulicni umetnici sakame da gi razveselime lugjeto koi imaat losh den 4

Од Матео и Ангела дознаваме дека до неодамна уличните уметници биле поддржувани од Град Скопје преку конгресниот центар Александар Македонски со што за секој артист месечна фондација изнесувала 4.000 денари, но за жал годинава таа програма е укината, што значи дека изведувачите ја немаат поддршката што некогаш ја имале.

„Еден ден додека свиревме едно мало детенце се стрча накај Ангела и ѝ го побара микрофонот“, раскажува Матео, кои секојдневно поминуваат низ интересни случки. „Ангела му го даде микрофонот да видиме што ќе се случи и дали ќе пее. Детето беше премногу мало за да може да изговори целосен збор, но тоа не го спречи да го привлече вниманието на дваесетмина луѓе. Додека тоа зборуваше и мумлаше на неговиот јазик, јас свирев и за чудо се појавија многу луѓе со нивните телефони и насмевка на лицето кои сакаа да го снимат овој мал гениј и да го споделат со нивните пријатели. Позитивната енергија се умножи, а луѓето кои си отидоа после овој интересен момент останаа со насмевка на лицето“.

mateo i angela ulicni umetnici sakame da gi razveselime lugjeto koi imaat losh den 5

Матео и Ангела планираат да соберат доволно средства за да си овозможат домашно студио во кое ќе снимаат нивни песни и со тоа да си овозможат турнеја низ Европа. Нивната најголема желба е да патуваат и да шират позитивна енергија и љубов преку нивната музика.

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Приказната на струмичанецот Блаже Аризанов: „Индија не ме промени, тук... Блаже Аризанов е Македонец од струмичко село, кој во 2011 година заминал на...
Виктор Мазнев, велешанецот со срце планина: „Имам спасено стотици безд... „Срцето на човекот можеме да го процениме според тоа како ги третира животните“,...
Васил Шемкоски: Извадете ги боичките и дајте му свои бои на нашето ста... Ако сакате да го разубавите Скопје или да го доживеете на еден поразличен начин,...