Од прострелни рани до остарување предвреме - магичните раце на шминкерот Игор Петрески прават чуда


Од прострелни рани до остарување предвреме - магичните раце на шминкерот Игор Петрески прават чуда

Дел од фотографиите од луѓето кои тој ги нашминкал со специјални ефекти ќе направат да ви поминат морници низ телото.

od-prostrelni-rani-do-ostaruvanje-predvreme-magichnite-race-na-shminkerot-igor-petreski-pravat-chuda-01.jpg

Млад, талентиран и комплетно посветен на професијата, Игор Петрески работи како шминкер веќе 15 години од кои повеќе од 5 години со филмска шминка односно со т.н. шминка со специјални ефекти.

Инаку, вели дека филмска и театарска шминка започнал да работи затоа што тоа е уметност и му претставувало предизвик, за разлика од класичната шминка којашто може да ја работи секоја девојка што ги шминка другарките по дома за одење во град.

Проговоривме со него за неговата интересна професија...

Театар vs. филм, што ти е поголем предизвик за работа?

Ја имам таа среќа да работам во најдобриот театар во Македонија, Театарот за деца и младинци и тоа ми е најголемо уживање.

Работата на мене секогаш ми е предизвик, без разлика дали работам на нова премиера во театар или на нов филм, но шминката на филм е многу потешка за разлика од театарската.

od-prostrelni-rani-do-ostaruvanje-predvreme-magichnite-race-na-shminkerot-igor-petreski-pravat-chuda-06.jpg

Лузни, исекотини, рани… Како успеваш сето тоа да изгледа толку реално?

Затоа потенцирав дека филмската шминка е потешка. За сето тоа да изгледа така реално, потребно е одлично познавање на материјалите, многу работа, многу проекти (филмови, реклами, видео спотови...) и се разбира талент.

od-prostrelni-rani-do-ostaruvanje-predvreme-magichnite-race-na-shminkerot-igor-petreski-pravat-chuda-08.jpg

Најзначаен проект на кој си работел досега?

Мислам дека големи филмови допрва ќе снимам, затоа што имам што да покажам, а како значаен филмски проект би го издвоил мојот ангажман во филмот „Сведок“, каде што изработив прострелна рана на еден познат англиски актер.

Во истиот филм главната улога ја играше светски познатиот Бруно Ганц, а во филмот улога има и мојата колешка од Театарот за деца и младинци, Наташа Петровиќ.

od-prostrelni-rani-do-ostaruvanje-predvreme-magichnite-race-na-shminkerot-igor-petreski-pravat-chuda-03.jpg

Холивудски филм со најдобра шминка со специјални ефекти...

Имам многу филмови да набројам, но сепак би го издвоил филмот „The Passion of the Christ” и би сакал да напоменам дека на тој филм работат околу 35 шминкери.

od-prostrelni-rani-do-ostaruvanje-predvreme-magichnite-race-na-shminkerot-igor-petreski-pravat-chuda-04.jpg

Дали ти се допаѓа трендот ставање премногу шминка кај младите девојки?

Можеби сум единствен артист што секогаш им препорачува на девојките дека „насмевката е најдобра шминка“ и ако мораат да се нашминкаат, тоа да биде минимално, и уште еден совет до нив: „Девојки заборавете на хајлајтер - изгледате како испотени“.

Колку Македонките се грижат за својот изглед?

Секако дека многу се грижат за својот изглед, и според мене, се најубавите жени во светот!

Хајди Клум е позната по врвните маски за Ноќта на вештерките, кои изгледаат спектакуларно. Колку време е потребно за да се изработи такво нешто? Дали некогаш ти си шминкал некого за маскенбал во Македонија?

За таква маска потребно е многу време за изработка и скапо чини, а кај нас за маскенбал само се импровизира.

od-prostrelni-rani-do-ostaruvanje-predvreme-magichnite-race-na-shminkerot-igor-petreski-pravat-chuda-07.jpg

Кога сакаш да пробаш нешто ново дали ги „вежбаш“ новите техники на пријатели?

Секогаш имам заинтересирани модели за филмска шминка, интересно им е.

Ако некогаш имаш шанса да бидеш дел од некој холивудски филмски проект, која актер/ка би сакал да го шминкаш?

Ако добијам шанса да работам на холивудски филм нема да ми биде важно која актер/ка ќе го шминкам. Ќе добие ист третман како и секој друг со којшто досега сум работел.

od-prostrelni-rani-do-ostaruvanje-predvreme-magichnite-race-na-shminkerot-igor-petreski-pravat-chuda-05.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Виктор Мазнев, велешанецот со срце планина: „Имам спасено стотици безд... „Срцето на човекот можеме да го процениме според тоа како ги третира животните“,...
Отворено со нутриционистот Билјана Ристеска: Од трендови во исхрана ка... „Загрижува фактот што денешната младина има сè на дофат на рака и сакаат да изгл...
Македонска зависничка од социјални мрежи: „Луѓето многу подобро глумат... 29-годишна девојка од Скопје проговори за својата „зависност“ од социјалните мре...