Новата песна на ДУПЕР - „Тело за на ТВ“

Првпат ги слушнав на радио накај Скопје, без да знам кој свири, а веќе наредниот ден на Фејсбук забележав дека неколку мои пријатели споделиле некоја песна по име „Не сум твој тип“ од ДУПЕР.

duper so nova pesna telo za na tv 4

Кога го отворив линкот сфатив дека тоа е мелодијата што ми се моткаше во главата во наредните 24 часа откако ја слушнав.

Тоа е група, која се наоѓа на златна средина, нешто помеѓу алтернативен и поп бенд, а ја сочинуваат Борис Какуринов (гитара и клавијатурa), Илчо Нечовски (вокал и бас гитара) и Мартина Баракоска (тапани).

Сите може да видиме дека дечкиве не планираат да застанат со создавање на нова музика, па затоа во продолжение следува разговор со нив, посветен за сите стари и нови поддржувачи.

Мислам дека редно време беше младите во Македонија на „рипит“ да слушаат песна од наши музичари. По успехот со „Не сум твој тип“, нé израдувавте со уште една нова песна „Тело за на ТВ“, па ајде изнесете ги на виделина интересните факти што се однесуваат на неа?

Љубовна песна, 135 bpm, 4 акорди, 8 рифа, 3 строфи, 2 рефрена, тажен дел и outro, перкусии, Шкода фелиција и 1 телевизор.

Очекувате ли новата песна да го надмине успехот на претходната?

Не очекуваме ништо. Наше е да работиме и да уживаме во тоа што го правиме, а тоа и го правиме. Очекувањата ви ги оставаме вам.

Кога ќе помислам на вашиот бенд, цело време го поврзувам со зборот одеднаш. Ми се чини како одеднаш да се појавивте на македонската сцена, како одеднаш Не сум твој тип на YouTube да доживеа речиси 400 илјади прегледи, како одеднаш да станавте омилени фаци на голем дел од помладата генерација... Сето тоа одеднаш, всушност си има и свое име – ДУПЕР. Што за вас претставува ДУПЕР?

 За нас ДУПЕР претставува бегање од реалноста, секој ден на неколку часа.

duper so nova pesna telo za na tv 1

Постои ли во заднина некој скриен ентитет што Не сум твој тип стана толку популарна песна? Можеби комбинацијата од психолог, студент по маркетинг и музичар, иако сите сте музичари, е клучот што ги отвори вратите на успехот?

Веројатно игра некоја улога, но не можеме да знаеме со сигурност.

Што може да очекуваме од албумот што го подготвувате? 

Очекувајте го неочекуваното. Ќе содржи многу различни расположенија на една љубовна приказна.

Ајде малку да се навратиме на почетоците на ДУПЕР. Кој беше моментот кога Борис, Мартина и Илчо сфатија дека можат да функционираат како бенд?

Од првата проба се знаеше дека ова може да функционира, а таа беше во зимата, 2016 година. Секако дека имавме разлики во размислувањата, навиките, што е секако вообичаено и очекувано, но покрај се најдовме некој заеднички јазик без да ја промениме нашата природа, а притоа да растеме заедно.

duper so nova pesna telo za na tv 2

Тројца сте, веројатно сите со различни перспективи и доживување на светот. Како сите заедно се вклопувате при создавање на песните? Чии идеи преовладуваат, или можеби имате речиси еднаков придонес?  

Тие работи не можат да се измерат, а и не сакаме да се измерат. Има многу повеќе од акорди и ноти во создавањето на музиката. Во ова сме заедно како тим. Секој со себе носи нешто карактеристично, единствено и препознатливо за себе. Комбинацијата на сите тие делови ние ја нарекуваме ДУПЕР.

Некаде прочитав дека во времето кога речиси сите млади сакаат да ја напуштат Македонија, вие саката да останете тука. Да дејствувате, да смените нешто. Да творите, да мотивирате... Каква промена сакаат да видат вашите очи? 

Сакаме младите да сфатат дека сами си го прават денот убав. Да, вистина е, некогаш е потешко, но ништо не се менува преку ноќ. Мора да помине и време, но мора некаде да се стави и точка и да се почне со делување. Единствено ние младите сме спремни на таа некоја „револуција“, дали се работи за креативна, општествена, уметничка итн.

duper so nova pesna telo za na tv 3

Доста само ве слушавме на YouTube, концертите се најдобри. Кога и каде може да ве слушнеме во живо?

За прв пат во октомври.

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

 Фото: Томи Акимовски

Би можело да ве интересира:

Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Михаил Корубин: „Моите ми направија прва ‘изложба’ дома на 6-7 години, израснав во ателјеата на татк... „Паметам на 6-7 години моите ми ја направија првата „изложба“ во нашата куќа, ја...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Елена Ристеска: „Има многу злоба меѓу народот, се штитам така што никој не знае каде сум и што права... „Почесто плачам од радост, отколку од тага. Емотивна сум за блиски луѓе, за...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg