Македонскиот инстаграмџија Александар Алексовски зборува за фотографирањето пејзажи и портрети

Инстаграм заедницата во Македонија станува сé поголема и покреативна. Александар Алексовски од Скопје, Ново Лисиче, кој веројатно го знаете по неговиот Инстаграм профил @a.aleksovski, и за себе вели дека има скриен талент и може да мрда со уши, е еден од поактивните членови на оваа социјална мрежа. 

ushte edna prikazna za makedonskite instagramdjii zapoznajte go aleksandar aleksovski i negovite fotografii 1 copy

По професија фотограф и актер, со уште два преостанати испита на ФИНКИ, слободното време го користи на планинарење, играње баскет и билдање во теретана. 

„Кога направив профил на Инстаграм беше чисто од желба на љубопитност, да видам што беше толку галамата околу него“, раскажува Александар.

„Како љубител на фотографија најмногу ми се допадна тоа што е наменет само за слики, за разлика од другите социјални мрежи, што на крај произлезе како доволно добра причина да продолжам да го користам“.

 
 
 
View this post on Instagram
 
 

Sometimes the right path is not always the easiest one?⛰? . . . . . . . . . . #rebornphoto #instagraphytk #revoshot #vscobalkan #инстаграмџии #фотонаденот #фотонанеделата #exploremacedonia #vscomacedonia #ИстражијаМакедонија #natureloversmacedonia #hiking #vsco #killergrams #nature #travel #natgeo #natgeobalkan #natgeotravel #планинарење #adventure #explore #discover #instagood #picoftheday #photooftheday #pixelpanda

A post shared by ?️ʟᴇᴋsᴀɴᴅᴀʀ ?️ʟᴇᴋsᴏᴠsᴋɪ (@a.aleksovski) on

Александар Алексовски е мотивиран да биде дел од виртуелниот свет на Инстаграм токму поради искуството што го нуди заедницата на истомисленици.

Вели дека на оваа социјална мрежа се има запознаено со многу луѓе што сликаат и сакаат уметност како него. Тоа најмногу го инспирира да создава на Инстаграм, да види што другите создаваат и да разменува мислење за сработеното и по некој смешен коментар.  

„Порано објавував многу помалку фотографии, отприлика еднаш неделно ако не и поретко, зависно од тоа кога ќе имаше некој сушен период без нови фотки. Сега објавувам речиси три до четири фотографии во една недела, а некогаш знае да се случи и по две фотки на ден со слична содржина, кога не можам да се одлучам која повеќе ми се допаѓа“, открива Александар, кој користи дигитален апарат Никон D3200, со стандарден објектив 18-55 мм. 

На времето Александар најпрвин започнал со сликање на пејзажи додека да го навикне апаратот, а потоа почнала да му се раѓа желбата за фотографирање на портрети.

„Многу ми се допаѓа фотографирањето на портрети бидејќи секој модел си има свои препознатливи карактеристики и црти на лицето, кои што раскажуваат своја уникатна приказна“, додава македонскиот инстаграмџија.

„Според мене за да можеш да раскажеш подобра приказна преку нивниот лик, најпрвин треба да се запознаете за да можеш да ги согледаш нивните карактеристики и да го претставиш моделот во неговото вистинско светло“.  

Александар вели дека фотографира со сите заинтересирани модели, дека нема никакви критериуми според кои прави некоја селекција.

Единственото нешто што гледа е моделот да биде расположен за соработка и по можност да има добра смисла за хумор, за да не се смее сам на своите шеги, кога треба да направи фотка со насмевка на лицето.

„Според мене, за еден портрет да изгледа квалитетно направен, најважна е самодовербата на моделот, подготвеноста на фотографот и се разбира нивната комуникација. Доколку моделот нема доволно самодоверба и размислува дека нема да изгледа добро на фотографијата, таа мисла ќе се проектира и на сликата преку говорот на нејзиното/неговото тело и изразот на лицето.

Исто така многу е важна посветеноста на фотографот, да води сметка за осветлувањето или позицијата на сончевиот одблесок доколку се слика на отворено, да може соодветно да ги намести параметрите на апаратот, да постави пријатна атмосфера за подобра соработка со моделот и другите технички аспекти, како што се подразбира да не дојде на сет за фотографирање со празна батерија или без мемориска картичка“, завршува инстаграмџијата Александар Алексовски.

https://www.instagram.com/p/Blnb8EWnwi1/?taken-by=a.aleksovski

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Александар Цветковски: „Со сопругата се боревме со неплодност, имавме и мртвороденче, но сега сме бл... „Јас правев буквално сè за да го преболиме мртвороденчето по второто ИВФ и сега ...
Д-р Александар Каревски, ортопедски хирург: „Најчести повреди се скршеници на колк, рачен зглоб, бут... „Ликот на пациент кој не верувал дека ќе застане без болка, на млад човек кој ми...
Александар Белов за татковството: „На ќерка ми ѝ читам приказни навечер, ја хранам и ја преоблекувам... „Се сеќавам еден ден почнав да ја заспивам ќерката, но сум заспал пред неа. ...
Бродски љубовни приказни: Србинот Ненад и Перуанката Дафне, Карен од Мексико и Роман од Венецуела Врските на брод се познати по својот краток рок на траење, многу авантури за едн...
„За 2 месеца стигнав до 1 милион следбеници“ – Марија Мешкова стана најследена Македонка на Инстагра... „Пред повеќе од 1 година одлучив да создадам бренд како ментор за течно говорење...
„Нема бенефит од доењето, постои само ризик од недоење“: Наташа Ц. Тодосовска, специјалист за доење ... „Сите слики од доење кои ги гледаме на социјалните медиуми се најчесто од мајка ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg