Куманово – синоним на смеата и хуморот: Зошто Денови на комедијата им е омилениот настан на Кумановците?

Ако деновиве одлучите да свратите до Куманово да знаете дека имате уште една причина плус за тоа. Во моментот се одржува меѓународниот фестивал Денови на комедија, кој започна на 2. октомври, а ќе трае до 18. октомври.

 kumanovo sinonim na smeata i humorot ili zoshto denovi na komedija im e omileniot nastan na kumanovcite 1

Во продолжение следува интервју со Сашо Тодоровски, директор на НУЦК Трајко Прокопиев – Куманово.

Сите знаеме дека смеата и хуморот се синоними на Куманово. Еве веќе неколку дена во НУЦК Трајко Прокопиев и тоа по 21. пат се одржува меѓународниот фестивал Денови на комедија, еден од најзначаните културни настани во градот. Фасцинанто е тоа што 99% од картите за претставите се веќе распродадени, може ли да споделиш како поминaа досегашните изведби?

Фестивалот е еден кумановски бренд кој планираме во иднина да го подигнеме на највисоко можно ниво. Картите за претставите се продадоа во првите три дена откако се пуштија во продажба и сакам да напоменам дека оваа година пуштивме над деведесет проценти од картите во слободна продажба.

Идната година планираме тој процент да биде уште поголем за да може секој кој сака да купи карта.

kumanovo sinonim na smeata i humorot ili zoshto denovi na komedija im e omileniot nastan na kumanovcite 9

Пред да продолжиме понатаму ме интересира кој ја правеше селекцијата на претставите? И кои беа критериумите за истите да бидат поканети и да гостуваат на овој фестивал?

Селекцијата ја правеше Советот на фестивалот, а првиот критериум беше претставата да биде добра комедија, со играчки „стаж“ зад себе.

kumanovo sinonim na smeata i humorot ili zoshto denovi na komedija im e omileniot nastan na kumanovcite 5

Од година во година се подобрува програмата за Денови на комедија, што е она што го издвојува ова издание од претходните?

Мораме сите заедно да го подигнеме квалитетот на овој фестивал, па така и оваа година да се обидеме да биде подобра од претходната. Ова издание го издвојува тоа што за првпат имаме и претстава на ромски јазик, а исто така гостуваше и Државниот младински театар од Ереван, Ерменија, кои со својата професионалност навистина ни понудија интересна приказна и претстава која можеби по малку отскокнува и е различна од нашиот вкус, меѓутоа претставата и актерите претставуваа вистинско освежување на фестивалот.

Традиција на Денови на комедија е тоа што затворањето на фестивалот е со претстава од Кумановскиот театар. Што подготвија домаќините оваа година?

Така, иако мојата замисла беше токму нашиот театар да го отвори фестивалот, меѓутоа во недостиг на време се решивме претставата да го затвори фестивалот. За оваа година имаме една доста интересна идеја и креативно смислено сценарио со одлична актерска екипа по текст од Реј Куни чиј наслов ќе биде Мани, мани, мани, претстава на која ѝ предвидувам долг живот и многу многу аплаузи.

kumanovo sinonim na smeata i humorot ili zoshto denovi na komedija im e omileniot nastan na kumanovcite 6

Кој е фаворит на публиката или претставата за која најбрзо се распродале картите?

Фаворит беше самиот фестивал, за сите претстави картите подеднакво добро се продаваа, и очекуваме така да биде и идната година.

Колку публиката во Куманово е лојална на културните настани? Постои ли голем број на поддржувачи на театарската уметност во текот на целата година или луѓето најмногу се интересираат конкретно за Денови на комедија?

Секако ова е фестивал, освен театарот тука се нуди и магијата на сите пропратни елементи, отворањето, затворањето на самиот фестивал. Кога зборуваме за театарската публика мислам дека Куманово има одлична и театарски образована публика, публика која знае да препознае искрена емоција, ангажираност на актерите, и за тоа да даде или не даде соодветен аплауз.

Впрочем и актерите кои доаѓаа на претставите и кои играа се одушевени од публиката и кажаа дека таква комуникација на сцена одамна немаат доживеано.

kumanovo sinonim na smeata i humorot ili zoshto denovi na komedija im e omileniot nastan na kumanovcite 7

По завршувањето на Денови на комедија, што може да очекуваме од активностите на Кумановскиот театар?

Очекуваме идни проекти и претстави на кои ќе работиме и кои сум сигурен дека ќе наидат на одобрување на публиката.

kumanovo sinonim na smeata i humorot ili zoshto denovi na komedija im e omileniot nastan na kumanovcite 6

kumanovo sinonim na smeata i humorot ili zoshto denovi na komedija im e omileniot nastan na kumanovcite 6

kumanovo sinonim na smeata i humorot ili zoshto denovi na komedija im e omileniot nastan na kumanovcite 4

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Александра Михајловска, актерка: „Ако не веруваш во бајката што ја создаваш на сцена, нема да верува... „Секоја детска претстава носи приказна којашто треба да едуцира, но и да ја разб...
Бојан Велевски, стенд-ап комичар: „Сопругата не можам да ја ‘омекнам' со шега кога ми е лута, во Коч... „Тие генерации што израснавме во тоа време, со 'Наше маало', 'Големи и мали', зн...
Игор Стојанов - Баркли, комичар: „Животот го посветив на изнудување туѓи насмевки“ „Неизмерно сум среќен кога шегата е толку добра, што покрај публиката, ќе ме нас...
Отец Душко Пецов е на служба во Германија: „Има сè повеќе крштевки и венчавки, Македонците се сплоту... „Во Црквата во Дортмунд доаѓаат голем број Македонци и тоа особено за големите п...
Љубовната приказна на Симона и Кристијан: „Се венчавме во манастирот Бигорски, направивме свадба во ... „Црковното венчавање го направивме пред една година во манастирот Бигорски,...
Михаил Корубин: „Моите ми направија прва ‘изложба’ дома на 6-7 години, израснав во ателјеата на татк... „Паметам на 6-7 години моите ми ја направија првата „изложба“ во нашата куќа, ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg