Work&Travel искуството на 23-годишниот Никола во Германија: Работа во McDonald’s и живот во мало гратче


Work&Travel искуството на 23-годишниот Никола во Германија: Работа во McDonald’s и живот во мало гратче

Кога си студент, летото е идеален период да прошеташ, па и да заработиш некој денар. Од година во година, work & travel програмата станува сé повеќе актуелна и во Македонија. 

nikola ivanovski i negovoto work travel iskustvo vo germanija potrebno e da se ottrgnesh od rodniot grad za da mozesh da si odgovorish na postavenite prasanja 9

Никола Ивановски (23) од Куманово, студент на Природно-математички факултет во Скопје - медицинска физика, замина на студентска работа во Германија.

Самиот вели дека оваа можност е поисплатлива од Америка, посебно за оние кои финансиски не се подготвени да одговoрат на трошоците за да отпатуваат на другиот континент.

„Пред да заминам на work & travel во Германија немав некои големи очекувања“, се присетува Никола.

„Поголем дел од помалите очекувања ми се исполнија, додека за првпат главните очекувања не ми беа остварени. Аплицирав преку една агенцијата од Скопје, каде што не знам дали е тоа обичај, но како почетник во организирањево, не ми беа достапни однапред ветените информации и услуги за тамошниот престој“.

Никола престојувал во Кемниц, град не многу поголем од Куманово, само со помодерен изглед. Вели дека градот е сив и го нарекува складиште на пензионери, нацисти и емигранти.

nikola ivanovski i negovoto work travel iskustvo vo germanija potrebno e da se ottrgnesh od rodniot grad za da mozesh da si odgovorish na postavenite prasanja 7

„Да бидам искрен, во Кемниц немаше ништо што ќе те поттикнува на убав престој, дали ноќни излегувања или дневни интересни активности кога би бил слободен“, споделува студентот.

„Ми беше потребно околу недела дена за да се навикнам и да дознам за каков град станува збор. Општеството, барем за мене лично е „роботизирано“. Мислам дека секој млад човек што бил дел од ваква работа ќе се согласи со кажаното. Каде и да одам, сретнував само Индијци, пензионери и тинејџери кои се претопени од своите предци со идеологија дека треба да се биде нацист, или националист за Германија да се одржи во живот. Освен тоа, Германците не зборуваа англиски, така што и не бев премногу добредојден кај нив“.

nikola ivanovski i negovoto work travel iskustvo vo germanija potrebno e da se ottrgnesh od rodniot grad za da mozesh da si odgovorish na postavenite prasanja 6

И покрај сé, Никола бил задоволен од работните обврски во McDonald’s. Работел во ресторан на автопат каде немало многу гужва, освен за викендите. За среќа, колегите биле добри спрема него и сосема пријателски настроени, што не е секаде така.

Работа во кујна или на каса понекогаш знае да биде исцрпувачка, поради тоа што си во контакт со премногу луѓе и продаваш нездрава храна. Вели дека за најмногу 5 минути храната е готова, додека минимална подготовка на еден обичен сендвич е 25 секунди.

„На нас, дојденците, ние што не сме Германци, ни нудат помала саатнина зависно од тоа дали си студент или не, заради даноците кои ги имаат луѓето таму“, додава Никола.

„Оние кои се отидени сами на себе, во смисла да живеат таму и да работат, секако имаат поголеми даноци, а платите се исти со оние на студентите, каде што тука студентите се во многу поголема предност во заработка. Поради тие даноци државата и опстојува, а и многу користи работна сила од луѓе кои се дојдени надвор од Германија“.

nikola ivanovski i negovoto work travel iskustvo vo germanija potrebno e da se ottrgnesh od rodniot grad za da mozesh da si odgovorish na postavenite prasanja 5

Поради тоа што за брзо време му здодеал градот, Никола во слободно време бил посветен на читање книги, излегувал во парк да се надишe чист воздух, одел во кафулиња и запознавал кул луѓе.

„Ако настрана се стават работните обврски, слободните денови ги користев за патување“, раскажува Никола.

„Кога имав четири слободни дена, решив да ја посетам Прага, која навистина ме воодушеви. Почнувајќи од луѓето, атмосферата која беше присутна и полна со живот... Иако не успеав да видам ни четвртина од градот, на крај Прага ги надмина моите очекувања. Таму има секаков вид на луѓе од целиот свет, преголем микс на култури, и сето тоа во еден преубав распоред. Исто така, по завршување со работата во Германија го посетив и Амстердам. Нема што многу да се зборува за него, освен лично да се доживее и искуси“.

nikola ivanovski i negovoto work travel iskustvo vo germanija potrebno e da se ottrgnesh od rodniot grad za da mozesh da si odgovorish na postavenite prasanja 8

Како и секое искуство во животот и ова има големо значење за Никола, кој се наоѓа во години каде научил како е да бидеш сам со себе, да ги прошируваш своите погледи и да се соочуваш со различни животни ситуации и предизвици.

Патувањето му помогнало да си одговори на повеќето загатки на кои не можел да најде одговор додека бил на Балканот. Додава дека потребно е да се оттргнеш од местото каде што живееш цел живот за да можеш да си одговориш на прашањата кои ги имаш поставено, а и да допреш подлабоко во себеси“.

nikola ivanovski i negovoto work travel iskustvo vo germanija potrebno e da se ottrgnesh od rodniot grad za da mozesh da si odgovorish na postavenite prasanja 1

„Планирам и наредната година да одам на work & travel програмата во Германија. За жал, со оглед на тоа во каква средина живееме и колку средства ни се достапни за да имаме нормален живот, а посебно на нас, студентите“, се изјаснува Никола, кој планира да оди во друг град, надвор од Саксонија, зошто секогаш во друг град и искуствата се поразлични.

„Не треба да се мислиме многу, секогаш треба да го прошируваме спектарот на животот“.  

nikola ivanovski i negovoto work travel iskustvo vo germanija potrebno e da se ottrgnesh od rodniot grad za da mozesh da si odgovorish na postavenite prasanja 3

nikola ivanovski i negovoto work travel iskustvo vo germanija potrebno e da se ottrgnesh od rodniot grad za da mozesh da si odgovorish na postavenite prasanja 3

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Никола Настески: „Возење на санка со хаски во Лапонија е 150 евра, а н... „Во Лапонија се чувствувате како да сте во сцена од книгата Повикот на дивината,...
Виктор Мазнев, велешанецот со срце планина: „Имам спасено стотици безд... „Срцето на човекот можеме да го процениме според тоа како ги третира животните“,...
Приказната на струмичанецот Блаже Аризанов: „Индија не ме промени, тук... Блаже Аризанов е Македонец од струмичко село, кој во 2011 година заминал на...